21 Септември, 2024
0.0278

Општина Карпош: Обвинителството и МВР да упаднат во дивата населба во Злокуќани

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Општина Карпош го повика Обвинителството и МВР да упадне со акција во дивата населба во Злокуќани која е расадник на криминал и реагира дека лица од таму често „ги тероризираат“ околните населени места.

Мотив за реакцијата на локалната самоуправа е споделено видео од масовна тепачка во дивата ромска населба.

- Општина Карпош е згрозена од синоќешниот немил настан во ромската населба во Злокуќани. Такво насилие, крволочност, со употреба на лопати, секири, ножеви... (за среќа извадениот пиштол не успеал сопственикот да го репетира), е незапаметено во историјата на Карпош. Оваа масовна тепачка во ова населено место не е прва. Дел од ромската населба во Злокуќани станува гето, опасност за живеењето на жителите кои сакаат мирно да ги поминуваат деновите, но уште поопасно за граѓаните кои што гравитираат во тој дел како и фирмите кои што имаат имот во оваа населба. Готово да нема граѓанин кој што физички не е нападнат. Не постои куќа или фирма која повеќе пати не е брутално ограбена, а сторителите се познати и на мештаните и на органите на прогон.

За насилниците од оваа населба градоначалникот на општината повеќе пати изврши разговор со полициската станица Карпош и со Основното јавно обвинителство за да насилниците бидат санкционирани, затоа што овие луѓе не само што ги загрозуваат жителите на Злокуќани, туку и жителите на Бардовци и Влае 1.

Општина Карпош бара од полицијата, обвинителството и судот, најстрого да бидат санкционирани учесниците во оваа нецивилизирана, преполна со агресија тепачка својствена на средниот век, а не на цивилизирана заедница како што е оваа општина. Доколку овој немил настан не се санкционира соодветно, а границата е помината веќе со години, состојбата ќе биде уште полоша, а агресивните насилници ќе земаат се повеќе замав, реагира Општина Карпош.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Обвинетите не се чувствуваат виновни за убиствата на Вања и Панче, за Палeвски случајот е политичка наредба

НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО: Поплавени се улици, домови, гаражи

НЕВРЕМЕ ВО ТЕТОВО: Поплавени се улици, домови, гаражи

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се укинува целосната забрана за движење во шума

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Се укинува целосната забрана за движење во шума

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ТОШКОВСКИ: Фокусирани сме на функционален систем за следење на сообраќајот со камери

ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија

ПЕЕВСКИ: Сите бугарски политичари и институции мора да се обединат за да ја пресечат антибугарската кампања на политичарите од Северна Македонија

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

(ГАЛЕРИЈА) ПАЛЕВСКИ РЕЧЕ ДЕКА НЕ ГО ПОЗНАВА ТАТКОТО НА ВАЊА: Вели дека обвинението е засновано на лажен исказ на еден од обвинетите

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

КОВАЧЕВ ЌЕ БАРА ВМРО-ДПМНЕ ДА БИДЕ ИСКЛУЧЕНА ОД ЕПП: Македонските политичари ги обвини дека со Вучиќ и Обран ќе отидат во Кина и Русија

МИЦКОСКИ: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

МИЦКОСКИ: Ако има желба од ЕУ да сме дел од европското семејство, тогаш има и начин, повеќе ултиматуми не прифаќам

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ: „Ако ги спроведе обврските од минатото“

ШАРЛ МИШЕЛ ВЕЛИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ИМА МОЖНОСТ ДА СЕ ПРИКЛУЧИ НА ЕУ: „Ако ги спроведе обврските од минатото“