26 Јуни, 2024
0.0302

„Новата Влада да изврши анализа и ревизија на целиот процес“: Левица за неостварената инвестиција во Тетово

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

По објавата дека германската компанија за електрични автомобили Next.e.Go Mobile дефинитивно престанува да постои, не стивнуваат реакциите во јавноста. 

Како што објавија германските медиуми, производителот на електрични автомобили од Ахен мораше да поднесе барање за стечај во март, меѓутоа, стечајниот управник Клаус-Петер Крут тогаш беше уверен дека компанијата ќе најде инвеститори и ќе продолжи со работа. 

На оваа тема беше пишувано честопати, како и на фактот дека компанијата требаше да отвори фабрика во Макеоднија, но тоа за жал не се случи. 

На оваа тема, денес реакција и од политичката партија „Левица“.

Од таму пишуваат и потсетуваат дека компанијата ,,Next.E.Go" или кај нас „познати како ,,Еколог", во сопственост на фамилијата Дестани, блиска на ДУИ, во 2022 година, заедно со раководството на двоецот СДС-ДУИ, помпезно „удрија“ камен темелник за изградба на фабрика за електромобили во Тетово“. 

- Владата на СДС-ДУИ во тоа време одобри 130 милиони евра државна помош за оваа „инвестиција“, а во февруари годинава потпишала и анекс-договор за исплата на дополнителна државна помош. 

На прашањето колкава сума народни пари исплатила Владата од Буџетот на РМ, ,,Еколог" нема одговор! Договорот со оваа компанија беше раскинат уште во март.

Политичката партија Левица и тогаш излезе со соопштение дека оваа инвестиција никогаш нема да се оствари, фабрика нема да има, а нема да има ниту вработување за деветстотини млади и стручни работници, како што власта најавуваше. Но, наместо помпезните владини најавувања, за жал, се остварија најтемните предупредувањата кои ги дадоа нашите секторски експери - укажуваат од Левица во соопштението испратено до медиумите.

Воедно додаваат дека „денес сведочиме и на фактот дека иако стечајот бил најавен уште во март, сепак, властите вешто го криеле овој податок од очите на јавноста, а со цел да не си го нарушат имиџот во предизборието кое следеше, направија дополнителни штети на државата!“.

- Со цел да се избегнат вакви несакани сценарија и состојби, Левица апелира новата влада час поскоро да изврши анализа и ревизија на целиот процес и транспарентно да излезе со информација за тоа колку оваа „инвестиција“ го чинеше буџетот на државата! Секако, ова вклучува и повик за одговорност на сите учесници кои имале директен или индиректен удел во оштетувањето на државниот буџет - пишува „Левица“.

Еве ја нивната објава споделена на социјалната мрежа Фејсбук:


Можеби ќе ве интересира

ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски

ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

АПАСИЕВ ЗА МИЦКОСКИ: Еден рачен часовник му вреди колку станот во кој живеам

АПАСИЕВ ЗА МИЦКОСКИ: Еден рачен часовник му вреди колку станот во кој живеам

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени