26 Јуни, 2024
0.0335

„УБИСТВО СО УМИСЛА ИЛИ САМООДБРАНА“: бурни реакции по трагедијата во Кратово, сведоци тврдат оти жената со години била малтретирана

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Бурни реакции во јавноста и низ социјалните мрежи по двојното убиство во Кратово, за кое обвинителството ја гони сопругата за „убиство со умисла“. 

Денеска реагирираше „Платформата за родова еднаквост“, кои потенцираат дека одлуката на Основното јавно обвинителство Куманово да започне постапка против 36-годишната В.И. од Кратово, која според нив е жртва на семејно насилство, според нив е акт на самоодбрана. 

- Сметаме дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство со умисла“, како што тврди Јавното обвинителство во своето соопштение.

Крајно парадоксално е што жртвата на семејно насилство сега е гонета од Јавното обвинителство како извршителка на семејно насилство.

Имено, според соопштението на самото Јавно обвинителство Куманово се вели: „При вршење семејно насилство на 13 јуни, осомничената со умисла ги лишила од живот сопругот и свекорот. По претходна вербална расправија, сопругот физички ја нападнал осомничената, удирајќи ја со тупаници во пределот на главата и телото, а потоа со рацете ја фатил за вратот и почнал да ја дави. Таа успеала да се тргне и од кујната зела кујнски нож со кој најпрвин го прободела сопругот, а потоа и неговиот татко. Од повредите тие починале на лице место.“

Оттука произлегува дека осомничената В.И. од Кратово самата била жртва на семејно насилство - пишува во соопштението на Платформата за родова еднаквост. 

Тие укажуваат дека постапувањето на Јавното обвинителство многу наликува на случајот на Пале Иловска од Велес која исто така беше долгогодишна жртва на семејно насилство и како акт на самоодбрана го уби насилникот. 

- Слично, како во овој случај и неа Обвинителството ја гонеше за „убиство на миг“. Судот тогаш правилно донесе ослободителна пресуда.

Платформата за родова еднаквост бара Судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти. Иако судската пракса не е задолжителна, бараме Судот да ги земе предвид принципите утврдени со ослободителната одлука во случајот на Пале. 

Особено, треба да се има предвид историјата на насилството и малтретирање врз жртвата В.И. и да се земе предвид дека и децата биле жртви на семејно насилство, како и институционалниот пропуст да ја заштитат жртвата, оставајќи ја сама да се брани - нагласуваат во соопштението од Платформата. 

Од здружението додаваат дека ова не е прв случај кога жените што претрпеле семејно насилство не само што не биле заштитени од страна на надлежните институции, туку истовремено и самите биле пријавувани и третирани како сторители на семејно насилство. Бараме ова да биде последен случај на погрешно третирање на семејното насилство и повикување на одговорност на жените кои се најмногу погодени од насилството, вклучително и од отсуството на навремена и соодветна реакција од институциите.

- Платформата за родова еднаквост ќе се обрати до Центарот за социјална работи и до полицијата за да се утврди зошто и како настанал пропуст во овој случај и дополнително ќе го следиме постапувањето на надлежните институции.

Понатамошното постапување на правосудните органи во овој случај несомнено ќе го одрази и нивото на општествена свест,  во што голем удел имаат и медиумите кои мора да известуваат согласно етичките стандарди и да внимаваат да не придонесуваат за двојна виктимизација. Тоа ќе придонесе и за охрабрување на жртвите за пријавување на насилство врз жените и семејно насилство - се наведува во соопштението. 

Но, бројни се и реакциите на Фејсбук, каде граѓани споделуваат трогателна приказна за животот на семејството во кое се случи оваа трагедија. 

Како што се споделува во една од групите, жената од Кратово која се терети за убиствата, со години била малтретирана од членовите во семејството, поточно од сопругот и неговите родители. 

Во групата „Правни искуства...правни проблеми“, беше споделено сведоштво од луѓе кои биле запознаени со случајот, при што беше укажано дека и покрај пријавите во полиција, државата, ниту било која институција не ја заштитила жената досега воопшто, која останувала во семејството каде секојденовно ја тепале поради децата. 

Според неофицијалните тврдења, три дена пред да ги убие мажот и свекотот, таа била избркана од дома, а децата останале во куќата. Спиела на улица за да ги чува и да внимава на нив. По три дена влегла во куќата каде повторно трпела насилство, па посегнала по нож и ги убила.

Еве дел од објавата:

Оваа објава предизвика многубројни реакции. Граѓаните револтирано коментираат и прашуваат зошто досега не биле преземени мерки, не било преземено ништо за нејзина заштита. Но, бараат и ослободителна пресуда за жената, која со години била малтретирана. 

  

Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа

ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски

ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

АПАСИЕВ ЗА МИЦКОСКИ: Еден рачен часовник му вреди колку станот во кој живеам

АПАСИЕВ ЗА МИЦКОСКИ: Еден рачен часовник му вреди колку станот во кој живеам

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер