26 Јуни, 2024
0.0396

„ЕМ СИРОМАВ, ЕМ СЕ ДИГНАЛ ДО НЕБО“ - професорот Славески прашува како ние ја надминавме границата за издатоци за НАТО за одбраната, а тоа не го сториле помоќни земји

Објавено во: Македонија 18 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Професорот Трајко Славески е изненаден зошто нашата држава како најмлада членка на НАТО го исполнила таргетот за издвојување од буџетот за одбраната, а тоа не го сториле многу постари и помоќни членки на Алијансата. 

Тој ова го сподели на својот налог на социјалната мрежа X.

„Ем сиромав, ем се дигнал до небо” (Слободен превод на турска изрека)

Уште во првата декада од овој век, високи претставници на НАТО во посета на нашите клучни државни институции (меѓу нив, секако, и на Министерството за финансии), иако бевме далеку од членство во Северно атлантскиот воен сојуз, пријателски нѐ убедуваа дека ќе било добро издатоците за одбрана од постојните нешто над 1% да сме ги зголемеле до 2% од БДП.  

Тогаш тоа беше препорака на НАТО кон земјите-членки, а од 2014 година и обврска. Не беше тешко да се ‚извлечеме' од таквата обврска. Се рабира, сѐ со цел скудните буџетски средства да ги искористиме за попаметни намени. Јас користев неколку аргументи: • дека земјата сеуште го нема завршено процесот на транзиција и јакнење на институциите; • дека повеќето земји членки на НАТО, далеку побогати од нас, се далеку од исполнување на обврската за издвојување на 2% од БДП за финансирање на одбраната; • дека како и поголемиот дел од светот и нас нѐ опседнала желбата да искористиме дел од т.н. “мировна дивиденда” (peace dividend) по завршување на (од денешна перспектива -Првата) студена војна и генералното намалување на трошоците за вооружување во светот; • понатаму, дека со приемот во НАТО ќе се потрудиме да се доближиме до препорачаниот износ и сл. Се чини доволно аргументи на пријателски начин да се разделиме со нашите партнери, НАТО емисари, со за нив незавршена работа, до следната средба. 

Пред неколку дена како земја добивме интересна пофалба. Имено, американскиот амбасадор во НАТО, г-ѓата Џулијан Смит, во интервју за МИА не штедеше зборови да нé пофали за тоа што за само неколку години членство во НАТО, не само што сме ја достигнале границата од 2% издатоци за одбраната, туку и дека сме ја надминале.   

Со тоа, сме се вброиле во две третини од земјите членки на НАТО, што си ја исполниле обврската.   За разлика од другата третина од десетина земји кои и покрај бројните убедувања и отворени притисоци, па дури и закани, посочувања кон безбедносните ризици од ширење на руско-украинската војна, борбените дејствија во и околу Израел и други геополитички кризи, сеуште успеваат да ја одбегнат обврската за зголемување на воените издатоци.   

Не ми е познато какви аргументи користат за оправдување на својата „непослушност“ овие земји. Веројатно се добро изверзирани во тоа кога на некои од нив, меѓу кои и основачи на НАТО, тоа им успева со децении.   

Кои се непослушните членови на клубот што не си ја плаќаат редовно својата членарина? 

За минатата 2023 година, помалку од 2% од сопствениот БДП за одбрана издвоиле Франција (1,9%), Холандија (1,7%), Норвешка (1,7%), Данска (1,6%), Германија (1,6%),Чехија (1,5%), Италија (1,5%), Канада (1,4%), Турција (1,3%) и Шпанија (1,3%). Интересно е да се забележи дека во 2014 година, кога препораката стана обврска за НАТО земјите, единствено САД (3,7%), Грција (2,2%) и Велика Британија со 2,1% издатоци за одбрана во однос на БДП претставувале „пример“ за другите земји-членки на Алијансата.   

За нашата јавност кон која беше упатена пофалбата од г-ѓата амбасадор Смит е нејасно на кој начин за само неколку години членство во НАТО сме успеале да ја надминеме границата од 2% од БДП за издатоци за одбраната. И дали ќе можеме и во блиска иднина да го одржиме веќе достигнатото ниво на воените издатоци. На новата влада останува да ги определи приоритетите од аспект на погоре третираното прашање.   Издатоците за одбраната според НАТО барањата не смеат да бидат на сметка на кратење во областите на образованието, здравството, социјалната заштита, заштитата на животната средина и др. од кои директно зависи благосостојбата на нашите граѓани, сега и во иднина.   

Малку креативност во изговорите нема да биде одвишна! Знаеме колку ни е долга чергата. Да не се однесуваме како во турската изрека од насловот на овој текст, која нашиот народ ја користи со векови, додуша во помалку пристоен контекст и поимање.


Можеби ќе ве интересира

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: Скопјанец барал 300 евра од девојка за да не објави нејзини компромитирачки видеа

ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски

ОНКОЛОГИЈА ИМА НОВ ДИРЕКТОР: Taравари го назначи Игор Стојковски

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

СТОЈАНЧЕ AНГЕЛОВ: И сакам и не сакам да останам директор на ЦУК

АПАСИЕВ ЗА МИЦКОСКИ: Еден рачен часовник му вреди колку станот во кој живеам

АПАСИЕВ ЗА МИЦКОСКИ: Еден рачен часовник му вреди колку станот во кој живеам

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

ОД СТРАНСКА АМБАСАДА ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА: Маж од Прилеп се заканувал

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

МИЦКОСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА РАДЕВ: Ваквите изјави се дел од средниот век, а не од современа Европа

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер