19 Мај, 2024
0.0341

ОРМ очекува успешни избори и брзо формирање на стабилни институции кои ефикасно ќе се справат со економските последици од Ковид-19 кризата

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Пред официјалниот старт на кампањата, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) ги повикува политичките партии што учествуваат на претстојните парламентарни избори во своите изборни програми да понудат конкретни решенија за надминување на економските и социјалните последици од Ковид-19 пандемијата. ОРМ очекува изборитеда бидат успешни и да овозможат брзо формирање на стабилни институции кои, преку ефективен социјален дијалог со работодавачите и синдикатите, ќе креираат адекватни економски мерки и политики за надминување на актуелната криза.

Резултатите од анкетата што неодамна ја спроведе ОРМ покажаа дека Ковид-19 кризата има големо влијание кај над 80% од домашните компании, а дури 40.000 работни места се наоѓаат во непосреден ризик.Над 70% од анкетираните компании сметаат дека за да ја одржат својата економска активност потребно е да продолжи државната помоши истата да се прошири со даночни олеснувања и дополнителна кредитна поддршка.

„Анкетата јасно покажува дека бизнисот смета на понатамошна поддршка од државата во надминувањето на последиците од актуелната криза, што станува сосема јасно дека ќе биде долготрајна и ќе зафати многу сектори. За да се даде соодветен одговор на тековните и идните предизвици неопходни се силни институции, а предуслов за тоа е брзо формирање на стабилна Влада и функционално Собрание кои ќе работат на реализација на економска програма која ќе содржи ефикасни решенија за наминување на последиците од актуелната криза и враќање на патеката на економски раст. За да се креира и спроведе ваква економска програма, неопходно е политичките партии уште во изборната кампања да ја стават економијата како еден од врвните приоритети и да понудат јасни и конкретни предлози. Владата мора да го поттикнува претприемачкиот дух и спремноста да се ризикува и во вакви неповолни услови за стопанисување“, вели претседателот на ОРМ, Ангел Димитров.

Истовремено, ОРМ апелира до своите членки и целокупниот бизнис сектор во земјата да преземат одлучни чекори со кои ефикасно ќе ги адаптираат своите деловни активности и процеси кон економските текови предизвикани од новата реалност.

„Јасно е дека како бизнисмени и претприемачи се соочуваме со предизвици кои се без преседан во поновата историја на човештвото. Токму ваквите предизвици би требало да претставуваат дополнителен мотив и поттик за будење на претприемачкиот дух и инвентивноста, особено кај младите, но и кај поискусните бизнисмени. Бизнисот не може и не треба да се ‘потпира’ единствено на поддршката од државата. Сега е време кога треба да се делува похрабро, па дури и по цена за зголемен деловен ризик, со внесувањето на промени во работењето, во реализација на нови инвестиции и деловни потфати што ќе ја зголемат продуктивноста, ефикасноста и ќе отворат нови перспективи за развој на бизнисот во новата реалност“, смета Димитров.

Организацијата на работодавачи на Македонија е единствен репрезентативен член на работодавачите во Националниот Економско-Социјален Совет, каде уште од почетокот на актуелната криза поднесува предлози за полесно надминување на последиците врз домашната економија. Активностите на ОРМ се поддржани од Проектот „Зајакнување на социјалниот дијалог“, што е финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).


Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници