Османи бара Косово и Албанија да склучат договор за заедничка одбрана
Објавено во: Балкан 15 Август, 2022
Косовските власти бараат со Албанија да потпишат трактат за заедничка одбрана.
Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека е стасано времето за потпишување трактат со Албанија за заедничко реагирање во случај на загрозување на двете држави, јави дописникот на МИА од Приштина. На оваа тема разговарала со нејзиниот албански колега, Бајрам Бегај. Вели дека оваа пракса е „во согласност со меѓународните пракси и се применува од многу држави”.
„Косово и Србија не можат да бидат третирани исто кога станува збор за употреба на реторика за поттикнување војна. Европската Унија треба да реагира на „дестабилизирачките тенденции на Србија“, изјави Османи.
Србија повторно ќе се вооружува, а неодамна имаше тензии на северот на Косово каде живеат Срби. Албанија и Косово во повеќе наврати ја споменуваа и идејата за обединување.
foto Facebook