ОСМАНИ ДОБИ ПОКАНА ОД ГЕНЧОВСКА ЗА СОСТАНОК, НО НЕМА ДА ОДИ: Ќе се фокусира на процесот во Собранието
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2022 18:55
Министерот за
надворешни работи Бујар Османи нема да оди на Годишниот состанок на Мешовитата
меѓувладина комисија во Банско, каде бугарското Министерството за надворешни
работи го покани на годишниот состанок на Мешовитата меѓувладина комисија.
Од македонското МНР велат дека ја известиле Софија оти министерот Бујар Османи како претставник на Владата во овој период ќе се фокусира на процесот во Собранието, каде треба да се расправа за францускиот предлог.
-Нотата е стигната во МНР, но Софија е известена дека во овој период Османи ќе се фокусира на процесот во Собранието, а експерите од двете министерства ќе продолжат со работа. Доколку се појави потреба, Османи и Генчовска повторно ќе одржат онлајн средба, велат од македонското МНР.
Бугарското МНР вчера го покани министерот Османи на состанок кој би се одржал на 9, 10 или 11 јули во Банско. На состанокот, според соопштението на бугарското МНР, треба да се разгледа исполнувањето на Договорот за добрососедство во изминатиов период, и да се превземат мерки за подобрување на двостраната соработка во сите сектори
Можеби ќе ве интересира
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро
ВИДЕО: ДЕЦА КРВНИЧКИ СЕ ТЕПАА ВО САРАЈ: ОЈО побара судска постапка спрема 5 деца
Макстил: Информациите за пожар не се однесуваат на нашата компанија




