09 Декември, 2024
0.0298

ОСМАНИ: ЛАЖНА ВЕСТ, НЕ ЗАСЛУЖУВА КОМЕНТАР, ДУИ е стабилна политичка структура

Објавено во: Македонија 26 Септември, 2022

Добивај вести на Viber

Лажна вест е информацијата за моја смена и таа не заслужува никаков коментар, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи во однос на наводната понуда за негово разрешување од министерската функција.

Во однос на отвореното писмо од група членови на ДУИ, Османи рече дека во партијата има големо ниво на демократија и секој може да го каже својот став, но дека последниот збор го има лидерот Али Ахмети.

– Со вчерашната изјава на Ахмети, мислам дека тука е завршена таа приказна - изјави Османи одговарајќи на новинарско прашање на денешниот брифинг во МНР.

Прашан за тоа дали внатрепартиските превирања ќе влијаат на стабилноста на Владата, Османи рече дека ДУИ е фактор на стабилност изминатите 20 години и дека така и ќе продолжи.

– ДУИ е стабилна политичка структура, не очекуваме никаков понатамошен развој на настаните - додаде Османи.

Дваесетина незадоволни членови на ДУИ, меѓу кои и Муса Џафери, Изет Меџити, Невзат Бејта, Блерим Беџети и Висат Ганиу, во отворено писмо побараа внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и го повикаат лидерот на партијата Ахмети да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство. За состојбите во партијата тие го обвинуваат Артан Груби.

Телевизијата ТВ21 објави дека наводно за да се смират незадоволниците им било доставен предлог Османи да биде сменет од функцијата министер, но дека тие го одбиле предлогот наведувајќи дека проблемот е Груби и дел од другите министри.

Ахмети вчера во Тетово изјави дека ДУИ може да функционира без било кој поединец затоа што има стабилни структури.

– Без сомневање дека ДУИ има воспоставено стабилни структури кои можат да функционираат без Али Ахмети, Блерим Беџети, Муса Џафери, Изет Меџити. Ова е национална инвестиција која има силна основа и силна поддршка. За 20 години има инвестирано во кадарот на партијата. Советот и Конгресот се функционални, за анархијата нема место, изјави Ахмети. 

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Се обидуваат да го укинат последниот столб на Рамковниот договор“: Османи вели „Стражата на јазикот“ се всушност чуварите на Македонија

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

„Превоз на ученици без важечки договори“: СДСМ обвинува за злоупотреба на службената положа „ќе поднесеме пријава“

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ ОД УТРЕ СЕ ВРАЌААТ ВО УЧИЛИШНИТЕ КЛУПИ - еве какво решение е договорено

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

„САКАА ДА ПРЕДИЗВИКААТ МЕЃУЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ“: Вреди контра ДУИ - го изгласа Законот за јазиците иако Венецијанската комисија ја оспорила законитоста

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

Мојсоска: Интелектуалци во служба на федерализацијата - маската на европските вредности падна

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

СЕ ОГЛАСИ МВР - ГО ОБЈАВИ ИДЕНТИТЕТОТ НА РАЗБОЈНИКОТ КОЈ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА: напаѓал и малолетнички (ВИДЕО)

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

МАЖ НА 26 ГОДИНИ ОГРАБУВАЛ ДЕВОЈЧИЊА И ЖЕНИ НИЗ ЦЕНТАР И АЕРОДРОМ - определен му е притвор поради повторување на делата

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„Исклучување на надворешните соработници кои заработуваат огромни хонорари“: Левица предлага измени на Законот за култура

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство

„АЛБАНСКИОТ ЈАЗИК НЕМА ДА СЕ ОСПОРУВА, МИЛИОНИТЕ НА ОЛИГАРСКИТЕ НА ДУИ ДА!“: Меџити вели јазикот е заштитен, но не и незаконското богатство