26 Април, 2024
0.0381

Османи побара „награда“ од Европската комисија и за доброто чување на границата

Објавено во: Македонија 23 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи денеска побара од Европската комисија да го земе во предвид и доброто чување на јужната граница во контролирањето на бегалската криза и илегалната емиграција пред да одлучи дали ќе и додели датум за преговори на МАкедонија.

– Во ситуација кога европскиот проект се повеќе се напаѓа и загрозува, Република Северна Македонија станува школски пример како главните елементи на големата европска идеја се применуваат практично во една држава која се уште е само кандидат за членка на ЕУ и затоа очекувам нашиот сериозен ангажман на сите полиња во изминативе 20 месеци да заврши во јуни со добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, изјави денеска Османи на граничниот премин „Богородица“ каде што беа во заедничка посета со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Успешноста во изградбата на партнерството на земјава со Европската Унија и земјите членки најјасно е изразенa токму преку соработката во справувањето со мигрантската и бегалската криза и имплементацијата на реформите во областа на миграциите, успех што е остварен и со значителна финансиска помош од ЕУ преку ИПА фондовите, во висина од неколку десетици милиони евра, додаде тој со статус испишан на неговиот профил на Фејсбук.

Спасовски се надоврза дека минатата година повеќе од трикратно е зголемено спречувањето на криучарење мигранти.

Можеби ќе ве интересира

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“