Основни работи кои не смеете да ги заборавите кога одите на одмор
Објавено во: Стил 26 Јуни, 2014 18:29
Во просек, секој човек што заминува на одмор заборава да спакува по едно нешто што му е неопходно. За да не ви се случи да сфатите што сте заборавиле кога ќе биде предоцна, учете од грешките на другите и посветете особено внимание на десетте најчесто заборавани нешта при пакување.
Во една анкета спроведена неодамна, биле добиена зачудувачки податоци поврзани со бројот на предмети кои се забораваат поради брзање при пакувањето, на заминување на одмор, но и на враќање. Во просек, секој човек што заминува на одмор заборава барем по еден предмет. Нормално, некои луѓе забораваат и повеќе од клучните нешта што им се потребни. Иако најголем дел од патниците што одат на одмор забораваат основни нешта, како што се чевли (27 проценти), полначи за мобилните уреди (25 проценти) и средство за заштита од сонце (13 проценти), зачудувачки, речиси без исклучок наоѓаат место за нешта кои по правило не би требало да се носат на одмор, како што се на пример: сувомеснати производи, пити и мармалад, но и свечени фустани.Најчесто забораваните неопходни предмети се:
- Чевли;
- Полначи за мобилни уреди;
- Средство за заштита од сонце;
- Книги;
- Очила;
- Паста за заби;
- Четка за заби;
- Мобилен телефон;
- Влечки; и
- Пасош.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





