20 Мај, 2024
0.0250

ОСОМНИЧЕНОТ ПУШТЕН НА СЛОБОДА: Полицијата во Берлин нема доволно докази против него!

Објавено во: Свет 20 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Мажот кој претходно денес е уапсен а за кој подоцна е утврдено дека не е напаѓачот од камионот е пуштен на слобода јавува берлинската полиција.

Полицијата јавува дека не нашле ниту еден доказ дека мажот од Пакистан е поврзан со инцидентот.

„Осомничениот, кој е приведен поради напад на берлинскиот божиќен саем на 19 декември, е ослободен вечерва по налог на сојузниот обвинител“, се наведува во соопштението кое го пренесоа светските медиуми.

Германските власти осомничениот го идентификувале како пакистански азилант.

„Досега направените форензичарски тестови не понудија доказ дека осомничениот бил присутен во кабината на камионот во време на злосторството“, се додава во соопштението.

Шефот на берлинската полиција претходно денес рече дека не е сигурно дека Пакистанецот кој е уапсен синоќа после нападот на камионот на божиќниот саем во Берлин, навистина го возел тој шлепер.

„Не е сигурно дека тој е возачот“, рекол шефот на полицијата Клаус Кандт и наговестил дека вистинскиот убиец на нападот можеби уште е во бегство.

Полицијата исто така соопшти дека уапсениот негира вмешаност во нападот и ги повика луѓето да бидат внимателни.

Претходно на конференција за германските медиуми, германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер рекол дека уапсениот Пакистанец е осомничен, но дека негира вмешаност во нападот во берлинскиот божиќен базар каде загинаа 12 лица и 55 се повредени.

Можеби ќе ве интересира

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ИРАН: Двајца патници од урнатиот хеликоптер контактирале со спасувачките екипи

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЗА ПУКАЊЕТО ВО ФИЦО: Дали напаѓачот делувал сам?

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети