23 Ноември, 2024
0.0311

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка

Објавено во: Македонија 30 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Македонија останува во чекалната на Европската Унија(ЕУ), додека Албанија продолжува по европскиот пат со отворање на првото поглавје. Од невладините организации со кои контактиравме, велат дека се со измешани чувства. Мило им е што уште една земја од регионот почнува преговори, но се разочарани за нашата држава и стравуваат дека и невладиниот сектор ќе влезе во стагнација.

Нашите соговорници велат дека 80 отсто од парите ги добиваат од европскиот буџет. Кога тие финансии би се намалиле,  многу организации ќе згаснат и луѓето ќе остана без работа.

„Моето мислење е дека штетата што ќе ја доживее Македонија е на сите полиња, во сите гранки, за секој наш човек, така и за невладиниот сектор. Не можеме да се надеваме на помош и разбирање во вакви услови и со затегнати односи. Ние сме толку несреќна земја, но и еден би рекла неединствен народ. Се надевам дека нема реско да прекине таа помош од европските институции. Мора Европа како и досега што прави напори, да не се откаже од Македонија“, вели активистка од невладин сектор од Битола со 25 години искуство.

Meтодија Стојчески од Младински сојуз Крушево објаснува дека во наредниот период ќе имаме попрецизна слика како ќе се одвиваат работите, но самиот факт дека заостануваме на европскиот пат е лош сигнал. Последици ќе трпат и младите.

„Од моја перспектива ова не е добро. Со промената на преговарачката позиција, стратегијата за преговори, кога  Емануел Макрон направи измена, паралелно со отворањето на преговорите се нудат и пари од фондови, а претходно беше како се отвора ново поглавје, така се отвораат и фондови. Но, сега со новата стратегија се отвораат сите фондови. На Албанија ќе ѝ бидат на располагање многу фондови, за јавните институции, бизнис сектор, за невладини. Тоа ќе значи многу од аспект на пари. Од аспект на соработка веќе албанските организации добиваат една друга позиција, за разлика од нас што сè уште сме земја кандидат. Ќе има многу повеќе фондови за нив. Ќе бидат вклучени во структурните разговори, преговори, сосема се менува сликата. За жал, за нас не знам каква ќе биде политиката на унијата понатаму, дали ќе им биде стратешка цел нас да нè поддржат и да опстанеме како сектор или едноставно ќе го сведат на минимум тоа европско финансирање, ќе нè изолираат и на регионално и на европско ниво, тоа треба да видиме како ќе се одвива во иднина. Мое мислење е дека ова е негативно за младите, ќе ги стимулираме да бараат излез на запад“, рече Стојчески.

Лиде Стојановска од Екократер од Кратово се надева дека ќе останеме во фокусот на ЕУ. Taa додека дека и малите проекти се важни за локалните заедници.

„Се надевам дека ќе можеме да ги користиме тие пари преку ИПА, значајно е да се влезе во ЕУ. Кај нас многу начини на финансирање нема, така што организациите мора да се финансираат од странство“, рече Стојановска.

Од помалите невладини организации велат дека работат од проект на проект, со волонтери, со ангажирање на експерти, надворешни соработници, но тоа нуди бенефити за заедницата и за малите градови кои се релативно замрени и каде ретко има настани. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип