07 Октомври, 2024
0.0261

БАЛКАНЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПАНИКА ЗА ЕТИАС: Новите правила за влез во ЕУ ги загрижија граѓаните, без дозвола нема влез во ЕУ земјите!

Објавено во: Македонија, Балкан 30 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Иако требаше есенва, новите правила за патувања на граѓаните на трети земји во европските, ќе стартуваат наредната година, или, според пишувањата на официјалната страница на ЕТИАС, истите ќе стартуваат до средината на наредната година. 

Инаку, на социјалните мрежи веќе наголемо се крева паника, посебно кај оние граѓани кои однапред си ги уплаќаат летните одмори во Грција - земја која е дел од европското семејство. 

Па така веќе се бараат совети како да се постапи, дали да се уплати за годишен одмор или не...

Со оглед на тоа што дефинитивен датум за отпочнување на новите правила нема, и нема кој да гарантира на оние што веќе уплатиле дека со сигурност ќе можат да влезат во Грција, целата процедура околу предвремените уплати се комплицира и истата паѓа на ризик на тој што сака да уплати.

Но, еве како е замислено системот - и придружниот Европски систем за информации и овластување за патување (ETIAS) што треба да се појави во средината на 2025 година - ќе функционира.

За потсетување, ЕТИАС подразбира дека секој граѓанин на Македонија, ,Србија и другите земји кои не се дел од ЕУ, кој сака да влезе во Европа и да остане подолго од 90 дена, мора да поднесе барање за одобрение за патување, 96 часа пред поаѓање.

Европскиот информативен систем за патувања (ETIAS) треба да почне да функционира во првата половина на следната година. Ова е најновата информација, иако овие рокови досега неколкупати се одложуваа. Како што е најавено, повеќе од 1,4 милијарди граѓани од повеќе од 60 различни земји ширум светот од тој момент ќе мора да добијат патничко овластување за да влезат во 30-те земји од Шенген зоната.

Европската унија работи на овој систем и на воведувањето дозволи за патување од 2016 година со цел да се зголеми безбедноста во Европа со тоа што однапред се знае кој доаѓа во оваа област.

Пријавувањето ќе се врши преку веб-страницата, а наводно се подготвува апликација. Процесот на добивање на ова одобрение ќе биде едноставен и ќе трае околу десет минути, а патниците ќе треба да го скенираат пасошот и нивната фотографија, како и да одговорат на неколку кратки прашања.

Беше наведено дека програмата ќе започне да се спроведува од 2025 година и е наменета за контрола на патниците кои пристигнуваат од странство како одговор на глобалното зголемување на терористичките активности.

Кога станува збор за EES, системот за влез и излез, тој опфаќа сè, од компании за траект до туристички агенти.

На пример, Британците и другите туристи од „трети земји“ ќе мора да го пријават своето пристигнување и заминување од земјите на ЕУ и Шенген зоната така што ќе им бидат земени фотографии и отпечатоци од прсти при пасошка контрола.

Ова ќе го замени рачниот печат во пасошот.

Постои загриженост дека ЕЕС може да го зголеми задржувањето на граничните премини, што дополнително може да влијае на туризмот.

Тука може детално да ги прочитате правилата за Македонија и нашите граѓани.






Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил