29 Септември, 2024
0.0319

Осудени, а повторно вратени на одговорни работни места

Објавено во: Македонија 12 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Зошто бизнисмените и граѓаните најчесто молчат и не пријавуваат? Колку пари треба да му се плати на еден инспектор за да стане имун на мито и корупција? Има ли волшебно стапче со кое ќе се засили работата на инспекциските служби како главен надзор кој ќе може од старт да ги намали или пресече корупциските текови? Има ли покреативни решенија и искуства од поразвиените земји со кои инспекторите ќе бидат доволно заштитени и обезбедени за да не потклекнуваат и лесно да влегуваат во челуста на корупциските иницијативи?

Осудени инспектори за животна средина вратени повторно на работното место, откри истражувачката екипа на Канал 77 во емисијата „Стадион“. Фокусот на сторијата е ставан на челниците на институциите, службени лица и една инспекторка која ги опфаќа Министерството, Управата и Инспекторатот за животна средина. Издавани се дозволи по електронски пат за локални субјекти за складирање и треман на отпад без целосна документација. Докази за злоупотреба на службената положба и за други кривични дела не се пронајдени, а јавните службеници и натаму се на своите работни позиции како советници и раководители на сектори во министерството за животна средина.


Ниту еколошките здруженија не се задоволни од завршницата на јавно експониран предмет кој се однесувува на работата на седумина од пријавените, кои во својство на службени лица, вработени во Министерството за животна средина и просторно планирање, Државниот инспекторат и Управата за животна средина, во текот на 2014 година.

Еден од осудените кој што сакаше да остане анонимен,чиј идентитет е познат на редакцијата,  доставил и пресуда која е донесена две години откако беше изречен казнен налог за обвинетите по налог на ОЈО Скопје. Пресудата е од месец февруари 2017 година, од Основниот суд Скопје 1 Скопје, од страна на судијката Џенета Бектовиќ.

Државните службеници и диркеторот добиваат условно изречени казни за делото„Несовесно работење во службата“ од чл.353-в од Кривичниот законик,со која им се утврдува казна затвор во траење од три месеци и истовремено им определува дека утврдената казна нема да ја извршат доколку обвинетите за временски период од две години по правосилноста на пресудата, не сторат ново кривично дело и парична казна од 300 до 2.500 евра во денарска противвредност. Од Министертсвото за животна средина потврдија дека луѓето на кои им се судеше  злоупотребана службена положба, се редовно вработени и тоа:

Со свои реакции и коментари за емисијата „Стадион“ на Канал 77 се огласија и Јани Макрадули, заменик-министерот за животна средина, Магдалена Филиповска Грашкоска, претседателката на Инспекцискиот совет и Стојко Пауновски, директорот на Државниот пазарен инспекторат.


Можеби ќе ве интересира

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

ИСПАНИЧЕНИ ПАТНИЦИ КРШЕЛЕ ПРОЗОРИ ЗА ДА ИЗБЕГААТ ОД АВТОБУС - се појавил чад, а вратите не биле отворени

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„По 22 години неуспех во евроинтеграцискиот процес“: Меџити со посебна ретроспектива „прва влада без ДУИ“

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

„Можеби ќе остане запишано во некои хроники за една мала глупава земја и нејзиното раководство“: Ванковска во свој стил

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

СНЕГ НА ДЕЛ ОД ЕВРОПСКИТЕ ПЛАНИНИ - влажниот бран денеска и над Македонија, се очекува поголем пад на температурите

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки