16 Јануари, 2025
0.0257

Отчет на Јанакиески: евтино летаме, удобно се возиме, железницата ќе ја стокмиме!

Објавено во: Македонија 20 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Набавката на автобуси, изградба на патна инфраструктура, модерницазија на железничката инфраструктура, пониски цени во авиосообраќајот, изградба на социјални станови, справување со дивите превозници, се дел од проектите со кои денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, се пофали во отчетот за сработеното во минатата година. “ 2012-та ќе биде година во која целосно заврши проектот „Набавка на нови автобуси“. Иако многумина не веруваа, не критикуваа и тврдеа дека овој проект нема да се реализира, па дури и не обвинуваа, ние во министерството молчевме и работевме. И ги донесовме сите ветени автобуси. Сега, тие што не веруваа молчат а ние слободно може да зборуваме и да кажеме дека граѓаните се возат во нови 200 двокатни, 80 нископодни автобуси и 16 минибуси. Но, исто така граѓаните ама и туристите се возат во уште 15 автобуси со отворен покрив, за панорамско разгледување. Или вкупно, после повеќе децении низ улиците има 311 нови автобуси, изјави Јанакиески. Јанакиески се пофали и дека не ги заборавиле ниту граѓаните кои патуваат надвор од Македонија. Со авион. Ним им овозможивме почесто да бидат во облаците, летајќи кон одредена дестинација, по пониски цени на авиобилетите, со овозможувањето за влез на нискотарифната компанија Wizz Air, која започна со оперирање на 6 нови дестинации од Скопје до Малме, Базел Мулуз, Ајндховен, Дортмунд и Меминген – Минхен. “Сепак, ние во министерството останавме приземјени и продолживме со подобрување на патната инфраструктура. За оние кои патуваат со автомобил, продолжи реализацијата на проектот за развој и создавање на здрава патна мрежа на локално и регионално ниво. Се реконструираа и изградија повеќе од 320 километри локални патишта, за што беа инвестирани 14.5 милиони евра, додаде Јанакиески, посочувајќи дека на патната делница Катланово – Велес со должина од 27 километри комплетно е обновен асфалтот, поставена е современа хоризонтална и вертикална сигнализација, нови банкини, мрежа за заштита од одрони, осветлени се сите тунели, со што е подобрена безбедноста. Стартувана е и постапката за избор на изведувач на градежните работи за рехабилитација и зацврстување на 13 мостови на овој дел од коридорот 10. Инвестиција од 8.6 милиони евра во соработка со НАТО и очекувам годинава да започнат градежните работи.Но, како клучен проект се споменува автопатската делница Демир Капија - Смоквица, со должина од 28,2 километри, како дел од Коридорот Х, за која се очекува до крај на 2016 година целосно да биде изградена. Јанакиески се пофали и со повеќе стартувани инвестиции во железничкиот сообраќај со најава дека оваа година дефинитивно ќе биде посветена на железницата. Во 2012 година изградени биле 3 објекти за домување на лицата од социјално-ранливите категории со вкупно 220 станови во Битола, Штип и Берово, а целосно е завршена проектната документација за 11 нови објекти во Скопје, Струмица, Ресен, Демир Хисар, Прилеп, Македонски Брод, Пехчево, Гостивар, Кочани и Свети Николе.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Македонија 20 години е во чекалната на ЕУ, Муцунски очекува крупни чекори годинава

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

ВЕВЧАНЦИ: Се работи за популарните зомби по филмовите и немаат никаква поврзаност со Зијадин Села

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

МУЦУНСКИ: Oдбележуваме еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

НЕ СПОДЕЛУВАЈТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ: Креиран е лажен профил со податоци на Венко Филипче

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Државен завод за ревизија: Имаме 100 скривници, ДЗС ги има запуштено

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

Ќе купуваме „тајно“ оружје од САД

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

НА МЛАД ПАЦИЕНТ Е ИЗВРШЕНА УСПЕШНА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА КОСКА: Корегиран деформитет на стапалото од церебрална парализа

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

Потрагата по Лидија од Јурумлери заврши трагично

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира

„Атентат“ на Зијадин Села на Вевчанскиот карневал, ДУИ реагира