Отишол во домот на бившата девојка и ја нападнал со нож
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2016 17:53
Малолетник од Скопје ноќеска ја нападнал поранешната девојка со нож додека била сама домa.
Нападот се случил во нејзиниот дом на улица „Среќко Пужалка“ во Скопје.
Шеснаесетгодишното момче влегло во домот на девојчето преку вратата која не била заклучена. Најпрвин го искршил мобилниот телефон на девојчето за да не може да повика полиција. Девојчето се обидело да го оттурне од себе при што се здобила со две површински расекотини од нож на десната рака, а од ударите со тупаница имала и повреди на главата. Напаѓачот изреволтиран, со ножот оштетил телевизор, го искршил лаптопот и ја оштетил влезната врата, по што заминал од местото на настанот.
Веднаш потоа девојчето отишло на лекарски преглед во Ургентениот центар Скопје. По констатираните телесни повреди истата била пуштена на домашно лекување. Во 04.25 часот во ПС Гази Баба, заедно со нејзините родители, го пријавила случајот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Можеби ќе ве интересира
Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието




