25 Ноември, 2024
0.0292

ОТКАКО СОБРАА 100.000 ПОТПИСИ - пратеници од ВМРО-ДПМНЕ до Собранието доставија предлог за да престане да важи Законот за попис

Објавено во: Македонија 09 Март, 2021

Добивај вести на Viber

Откако ВМРО-ДПМНЕ собра 100.000 потписи против пописот во земјава, пратениците од оваа политичка партија поднесоа и предлог закон во Собранието, за престанување на важењето на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република С. Македонија, 2021 година, и тоа по итна постапка.

Од опозициската партија во предложениот закон, како образложение, навеле дека пописот како статистичка операција се прави откако претходно ќе се постигне национален, општествен и политички консензус, што во овој случај, велат, изостана.

„Поради КОВИД пандемијата неколку држави многу поразвиени од Македонија веќе го одложија пописот. Имено, Германија пописот планиран за 2021 година го одложи за мај 2022 година. Шкотска пописот планиран за 2021 година го одложи за март 2022 година. Ирска пописот планиран за 2021 година го одложи за април 2022 година. Романија пописот планиран во 2021 година поради КОВИД пандемијата го одложи за јуни 2022 година. Соседна Србија за октомври 2021 година, Бугарија исто така. А, во план е и Хрватска да го одложи пописот поради КОВИД пандемијата“, потенцираат од партијата на Христијан Мицкоски.

Од партијата нагласуваат дека попишувањето во веќе донесеното законско решение е предвидено без покажување на било каков доказ и лична идентификација, и истото би било завршено со едноставно диктирање на матичниот број, што би можело да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без притоа да покаже соодветен доказ дека тие во моментов се резиденти, односно се наоѓаат на територијата на Република Македонија.

„Она кое што е важно да се напомене е фактот дека постои се уште институтот, политички двоен потпис. Законот беше усвоен без претходно да биде позната методологијата по која што ќе се попишуваат граѓаните“, додацваат од партијата.

Целта на Предлог законот е да престане да важи Законот за попис на населението, домаќинствата и становите.

ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, во рок од 8 дена собра повеќе од 100.000 потписи од граѓани кои се незадоволни од начинот на кој се води операцијата попис. Оттаму сметаат дека собраните потписи за толку краток период се доволен аргумент дека Владата не смее да продолжи со спроведување на пописот, туку да ја земе предвид загриженоста на граѓаните и заедно со опозицијата да организира нов попис кој што ќе биде резултат на консензус и пред се ќе ги задоволува сите европски регулативи.

„Дополнително и по првиот ден од спроведување на пописот се појавија и првите проблеми со апликацијата за попис на Македонската дијаспора. Ова само уште еднаш покажува дека ова е политичка операција а не статистичка. Сериозно е нарушен кребилитетот за намената на апликацијата за попис бидејќи таа овозможува граѓани кои се резидентно присутни во Македонија да можат да се попишат дека се присутни во друга држава. Имено, не стивнуваат реакциите од граѓаните кои укажуваат на 

ваквата можност по тестот кој го направил еден граѓанин кој живее во Македонија при што успеал да се самопопише во дијаспората иако користел македонска IP адреса. Поради ваквите недостатоци, како и спроведувањето на пописот во ек на пандемија и зголемен број на заболени граѓани од КОВИД -19 повеќе од потребно е Законот за попис да престане да важи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, зошто е потребна скртатена постапка, од партијата нагласиле дека причлина е што „донесувањето на овој Предлог закон е неопходно“.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

СЕПАК ИМА ДОКАЗИ КОИ ГО ПОВРЗУВААТ ПАЛЧО СО УБИСТВАТА НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Еве што велат обвинителите

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

„Нашите пожарникари влегуваат во оган со несоодветна опрема“: Левица бара повеќе пари за борба со пожарите, амандманите одбиени

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ САМО ТИЕ ШТО ИМААТ ПАРИ: Приватните превозници повторно ќе возат, но не сите

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

„ФИЛИПЧЕ ИЗВРШИ ЛОБОТОМИЈА ВО ЖИВО, СО НЕГО И СДСМ МАКЕДОНИЈА БИ СТАНАЛА КЛИНИКА НАМЕСТО ДРЖАВА“: Латас распали за Конгресот на СДСМ

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

ДАЛИ ОД 29 НОЕМВРИ ДОАЃА НОВ СТУДЕН И СНЕЖЕН БРАН? Еве што покажуваа глобалниот прогностички модел

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

„ОД ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНКОВСКИ НЕМАВМЕ СЛУШНАТО ТАКОВ ГОВОР НА ЛИДЕРОТ“: Спасов со пофални зборови за Филипче

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: СДСМ избра нов Централен одбор, Филипче вети дека ќе ја врати партијата на победничките патеки

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

СОСТОЈБА ВЕЧЕРВА: Сараево е 4-ти најзагаден град во светот, а Скопје е 12-ти

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија

ВИНСКИ САЕМ: Вучиќ се пофали дека убави жени има во Врање, Мицкоски вели има и во Македонија