19 Мај, 2024
0.0325

Откриена фабрика за хемиско оружје на „Исламска држава“ во Сирија

Објавено во: Свет 26 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Вооружените сили на Сирија откриле во една болница, окупирана од терористите, во провинцијата Латакија опрема за производство на хемиско оружје. Тие планирале да го користат страшното оружје, обвинувајќи во ова режимот на претседателот Башар Асад, пренесе агенцијата „SANA“.

Сириската армија запленила исто така медицинска опрема и лекови од Турција, Катар и Саудиско потекло. Според сириската армија откриена е опрема и лекови кои сведочат дека терористите планирале да користат хемиско и биолошко оружје, обвинувајќи ја владата на Сирија за тоа.

Можно е болницата да била централна точка за укажување помош за повредените терористи. Биле пронајдени лекови за болка и за запирање на крварење. Освен тоа, во болницата биле откриени маски и филтри за нив.

Веќе во септември годинава се појавија информации дека џихадистите располагаат со хемиско оружје. Групата „Исламска држава“ произведува и користи хемиско оружје во Сирија и Ирак, пренесоа тогаш агенциите, повикувајќи се на извор од американската влада.

Според „US“ разузнавањето исламистите дури имаат специјална единица, која се занимава со производство на хемиско оружје.

Вашингтон има регистрирано најмалку четири случаи во кои терористичката организација користела борбен отровен гас иприт од двете страни на ирачко-сириската граница. „Би-Би-Си“ додава дека нејзин тим бил на турско-сириската граница, каде што бил сведок на таков настан, и ја поддржуваат оваа теза.

Иако труењето со горчичен гас обично не е фатално, против него нема третман или противотров, потсетува „Би-Би-Си“. Токму на луѓе со слични симптоми кои се соочиле биле новинарите на телевизијата.

Според изворот на медиумот „Исламска држава“ (ИД) најверојатно има единица за производство на хемиски оружја, бидејќи е многу веројатно џихадистите да откриле слични акции за освојување на територии во Сирија и Ирак.

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата