19 Мај, 2024
0.0251

Отписот на долговите почнува од утре – еве како да аплицирате

Објавено во: Економија 17 Август, 2014

Добивај вести на Viber

Од утре започнува да тече рокот за пријавување на граѓаните - потенцијални корисници на владината мерка за еднократен отпис на долговите. Согласно јавниот повик што го објави Министерството за финансии, право на отпис на долговите имаат граѓаните кои припаѓаат на следните категории: - корисник на социјална парична помош - корисник на постојана парична помош или - невработен подолго од 12 месеци, а доколку сте во брак и Вашиот брачен другар да е невработен Притоа тие мора да ги исполнуваат следните услови: - да сте пријавени во Агенција за вработување на РМ и активно барате работа, - заедно со брачниот другар не сте оствариле приходи поголеми од 105.600 денари во 2013 година и - не поседувате друг имот освен оној во кој живеете, или Право на отпис на долговите имаат и лица кои западнале во финансиски тешкотии поради сопствен инвалидитет или тешка болест, или поради инвалидитет или болест на брачниот другар или смрт на брачниот другар и не можеле да ги плаќате долговите. Како тешка болест во оваа категорија се подразбираат малигни и церебрално васкуларни заболувања. За овие лица услов е: - инвалидитетот, болеста или смртта да настанала во периодот од 1 јануари 2009 година до 31 декември 2013 година, - во 2013 година заедно со брачниот другар не сте оствариле приходи поголеми од 105.600 денари и - заедно со брачниот другар не поседувате друг имот освен оној во кој живеете. Лицата кои ги исполнуваат овие услови треба своите барања да ги достават до Центрите за социјална работа во местото каде што живеат и притоа да ги достават следните документи: - копија од Вашата лична карта, а ако сте во брак и од личната карта на брачниот другар; - извод од матична книга на венчани - писмена согласност од Вас и од Вашиот брачен другар (доколку сте во брак) за обезбедување податоци за вашиот статус и долг од надлежните институции и доверителите. Образецот за писмената согласност ќе ви биде даден во Центарот за социјална работа. Исто така, зависно од причината поради која барате отпис на долговите, треба да ги имате и овие документи: - ако сте лице кое поради смрт на брачниот другар не може да ги плаќа долговите, задолжително доставете извод од матична книга на умрени за брачниот другар - ако сте лице со потешко заболување или потешка болест на брачниот другар, задолжително доставете медицинска документација од која може да се утврди дијагнозата и датумот кога е дијагностицирана болеста; - ако Вашиот долг е за искористена електрична или топлинска енергија, задолжително доставете копија од последната фактура/сметка за електрична или топлинска енергија.

Можеби ќе ве интересира

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа

„Тиквеш“ ги претстави своите модерни практики пред учесниците на регионалната Винска летна школа