19 Мај, 2024
0.0274

ОТВАРАЈТЕ ОЧИ ПРИ РАБОТА ВО СТРАНСТВО: По берба на јагоди наместо 1200 евра плата, добиле едвај по 900 евра

Преку посредник група жени од Куманово заминале на берба на јагоди и малини во Германија, со надеж дека добро ќе заработат, но групата работнички брзо се преполовила.

Објавено во: Економија 23 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Ни беше ветена плата од 1200 евра, но на крај се вративме дома со максимум 900 евра, раскажува 23 годишна кумановка која работела во Бетра Сити на 10 км од Хорб Бетра. Објаснува дека биле сместени во камп приколки во близина на местото каде се работи, а дневно работеле и по 12 часа почнувајќи од 4, 5 или 6 часот наутро. Требало да работат два месеци, а според пресметките се надевале на заработка од 2400 евра. 

„Работата е многу тешка, напорна, значи не одговараше на врменските услови. Имаше денови кога ќе почне да врне и нè земаа со комбе, нè враќаа назад кај што бевме сместени и ни кажуваа дека за 15 минути ако престане ќе се вратиме да работиме. Ако не престане, седиме кај што сме сместени и потоа се работи до подоцна. Освен да береме јагоди и малини, не тераа рачно да чистиме и трева од седум парцели, само со ракавици, а тоа ништо не беше платено. Дававме сè од себе, работевме максимално. Јас имав 290 работни часа во месецот. Требаше еден час да ни биде платен 5 евра нето , и требаше според договорот секоја сабота да ни биде слободна, а имавме два дена слободни во месецот“ - раскажува девојката. 

Со дел работници била договорена цена по час, а со други според наполнети канчиња со јагоди и зависно од тоа колку се движат цените на јагодите на пазарот, но на крај сопственикот ги исплаќал луѓето како што нема му одговара. Освен Македонци, во групата имало и романски работнички. 

„Ни даде едни смешни листови, договори да ги потпишеме. Беа на  германски и полски јазик, на кои пишувало дека кој ќе се откаже од работа треба нему да му плати казна од 200 евра, а не пишува дека ако нема работа нешто ќе биде надоместено. Баравме листи да не исплати и да си одиме. Жените кои седат таму, а немаат работа цело време нему му плаќаат. Лошо е што парите ни ги даваше 2 минути пред да си тргнеме со комбето. Ако нешто не е в ред, да немаме време да се буниме. Листите што ни ги даваше за сработеното, никогаш не му беа точни. По завршување на смена сите си запишуваа колку часа работеле или колкава количина јагоди набрале. На сите им фалеа по минимум 20 килограми“ - додава девојката. 

Таа раскажува дека на сезонска работа повторно би заминала надвор од државата, но само ако биде регуларно, и платено како што треба. Вели дека не се плаши од работа, но поучена од ова искуство во иднина ќе биде претпазлива. 

С.А. 



Можеби ќе ве интересира

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

СРЕБРОТО ПОЕВТИНИ: Златото и натаму поскапува

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

ВУЧИЌ Е ЗАДОВОЛЕН: Koлку работници се вработени во српските фирми преку „Отворен Балкан“?

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

АЗЕСКИ: Господ да му е на помош на тој што ќе донесе милијарда евра

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

ВАЖНО: Граѓани, проверете ја вашата даночна пријава за 2023 година

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

АЗЕСКИ СЕ СРЕТНА СО МАЈК ЗАФИРОВСКИ: Потребно е запирање на сивата економија

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници

„СО БРАНЕ И РИЛИНД НЕ СЕ ПЛАШЕВ ОД НИТУ ЕДНА БИТКА“ - средба на Тевдовски со некогашните соработници