19 Мај, 2024
0.0348

Отворајќи блиндор брави Скопјанец „заработил“ скоро 1 милион денари

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

 Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против В.М. (33) од Волково, скопско, поради постоење основи на сомнение дека извршил осум кривични дела „тешка кражба“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 943.000 денари.

Како што соопшти МВР, според документираните сознанија од истрагата В.М. сите осум кривични дела ги извршил на ист начин. Со употреба на подесен клуч (калауз) за влезни блиндор брави ги отворал влезните врати на становите, влегувал внатре и одземал златен накит, пари, лаптоп компјутери, мобилни телефони, а во еден случај и клуч од автомобил.

Тешките кражби В.М. ги извршил во период од девет месеци, поточно од 03.07.2017 до 24.03.годинава, и тоа во станови во поширокото централно подрачје на Скопје (во два стана на бул. „Партизански одреди“ и во станови на улиците „11 Октомври“, „Атинска“, „Воин Драшкоци“,  „Желево“,  „Франклин Рузвелт“ и „ Димитрије Чуповски “).

По низата превземени мерки и активности од страна на СВР Скопје, В.М. е идентификуван како сторител на кривичните дела и завчера (27 јуни) е лишен од слобода и приведен во Полициската станица Карпош. 


Можеби ќе ве интересира

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПАТУВА ВО РИМ: Претседателката Силјановска Давкова ќе се сретне со Папата и со Серџо Матарела

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ: Најмногу дожд наврна во Охрид

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

НЕСРЕЌА ВО ШТИП: Човек загина во лифт

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ГИ ОДБРА ПРВИТЕ ЛУЃЕ: Гордана Силjaновска Давкова го екипира кабинетот

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

ТАРАВАРИ ЗА РТК: Албанците ќе имаат претседател на Собрание и 6 министри

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално