19 Мај, 2024
0.0270

Отворен е повикот за стартап бизниси на Сеавус Акцелераторот

Објавено во: Мои пари 14 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Денес и официјално е отворен повикот на Сеавус Акцелераторот, проект помогнат од страна на Фондот за иновации и технолошки развој со кој се повикуваат сите иновативнo технолошки ориентирани стартап бизниси да аплицираат за менторска и финансиска поддршка. Повикот е отворен до 5 јуни оваа година.  


По завршување на рокот за пријавување, ќе стартува првата фаза од акцелераторката програма која е замислена како 6+6 неделна активност со менторски сесии за најдобрите 15 компании кои ќе ќе бидат селектирани и прифатени во програмата. Повикот се однесува на технолошко ориентирани компании (Fintech, AI, Machine learning, Block chain, IOT, Gaming, E-commerce, Digital Media и сл.) кои развиваат иновативни решенија во повеќе области, и тоа: финансии, медицина, јавни сервиси, подобрување на животната околина, инфраструктура, компјутерски мрежи, интернет технологи, алатки за развивање на софтвер, сајбер безбедност и сл.  Компаниите кои аплицираат треба да имаат најмалку двајца ко-основачи.


„Акцелераторската програма ќе заврши со т.н.  Демо ден – Ден за презентации на кој Комитетот за инвестиции ќе одлучи кому ќе додели средства во првата фаза. Иницијалната инвестиција изнесува до 32.000 евра по компанија и таа очекуваме да се случи најдоцна во период од 6 месеци после официјалниот старт на програмата. Позитивно оценетите компании од првата фаза може да добијат дополнителна инвестиција во износ до 100.000 евра“ изјавуваат од Акцелераторот.


Останатите информации поврзани со критериуми за аплицирање, како и апликациската форма можете да ги пронајдете на веб страницата на Сеавус Акцелератор: www.seavusaccelerator.com

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО