20 Декември, 2025
0.0920

Отворена првата линија за преработка на отпад во Штип 

Објавено во: Мои пари 29 Јуни, 2015 18:25

Добивај вести на Viber

Соработката помеѓу Пакомак, општина Штип и Јавното претпријатие Исар почна уште во 2011 година со заеднички активности, зада во оваа тековна 2015 се направи крупен исчекор со пуштање во употреба на линијата засекундарна селекција на отпад од пакување.

Првичните резултати кои се реализирани во текот на месец јуни, во периодиот на пробна работа се охрабрувачки. Селектирани се повеќе од 4,5 тони пластични шишиња собрани на територијата на општина Штип, односно околу 150.000 парчиња ПЕТ амбалажа.

Линијата се состои од две машини, транспортна лента и преса, за селекција, пресирање и балирање на отпадот. Целата инвестиција чини околу 40.000 евра и е дел од соработката на Исар со компанијата Пакомак.

„Нé радуваат сите вакви проекти и инвестиции, а најмногу од сé нé радува што компаниите го препознаваат бенефитот од правилното однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина. Нашата соработка со ЈП Исар ќе продолжи и натаму и подготвени сме да ги поддржуваме користејќи го сето наше расположиво знаење, искуство и ресурси“ - изјави Игор Макаловски, оперативен менаџер на Пакомак.

Дневно, оваа машина може да обработи околу еден тон пластичен отпад, но количините можат да бидат многу поголеми, доколку е поголема и одговорноста на граѓаните, кои во најголем број не се грижат каде ќе заврши отпадот, откако ќе го напушти домот. Правилното селектирање и грижа уште во домаќинството, најмногу влијае на целиот процес.

„Добар дел од нашите идни активности ќе бидат насочени во едукација и подигнување на јавната свест, креирање на чувство на одговорност, обезбедување на точни и потполни информации со кои и граѓаните и компаниите ќе го увидат бенефитот од правилното однесување со амбалажниот отпад и заштитата на животната средина“ - изјави Ангел Бојаџиев, директор на ЈП „Исар“ - Штип.

Сево ова е дел од еден поширок проект кој има конкретна и долгорочна цел.

„Секоја активност на поединците и на компаниите треба да биде планирана и спроведена на начин што предизвикува најмало можно влијание на животната средина и што претставува најмал ризик по животната средина, по здравјето на граѓаните и по опстанокот на живиот свет. Нашата цел е што помалку отпад да заврши на депонијата, а Штип за кратко време да го носи епитетот - Најчист град во Македонија“ - вели Илчо Захариев, градоначалник на Штип.

Во Штип дневно се произведува околу 280м/3 комунален отпад. Од него, 30% отпаѓаат на пластика; 33% на хартија; 3 % стакло и 40 % друг комунален отпад.

Од оваа количина на отпад, граѓаните селектираат едвај 2 %, а ЈП Исар собира и преработува околу 6 м/3 хартија и пластика дневно. Останатиот отпад, се носи и уништува на градската депонија. Напорите на ЈП Исар и Пакомак се насочени кон креирање на долгорочни одржливи методи за превенција, едукација и подигнување на јавната свест за важноста од селектирање на амбалажниот отпад и заштитата на животната средина.

Јавното Претпијатие Исар покрај исполнувањето на законските обврски со отворањето на оваа линија истовремено ќе овозможи и дополнителен приход од секундарната селекција, а Пакомак како прв и најголем колективен постапувач со отпад од пакување во државата, ќе може на еден современ начин да дојде до реализација на националните цели во управувањето со отпадот од пакување.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии