ОТВОРЕНО И ИСКРЕНО: Девојката на Дарко Лазиќ до детали ја открива здравствената состојба
Објавено во: Стил 03 Ноември, 2018 06:45
Девојката на Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ открива дека пејачот во среда ќе има операција на ногата во болницата во Земун.
Тој во тешката сообраќајка која ја доживеа на 23ти октомври се здоби со скршеници на десната бутна коска но лекарите не смееле да го оперираат .
-Дарко има закажана операција за среда. Не можело порано бидејќи лекарите чекаа да му зарасне левото белодробно крило, кое е пробушено кога ја доживеал несреќата. Докторите не смееле да ризикуваат со таа операција, бидејќи состојбата можела многу да му се влоши, па затоа дури следната недела ќе го оперираат-кажала девојката на пејачот.
Таа истакнува дека Лазиќ е на лекови против болки, но дека лекарите прават се што можат за да му ја олеснат тешката ситуација во која се наоѓа.
-Дарко чувствува болка, но многу повеќе би го болело да не е често на лекови. Само уште да му ја оперираат таа напукната коска на десната нога и се ќе биде добро-тврдела Марина, пишуваат српски медиуми.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





