OUTLET ja има вистинската формула за освежување
Објавено во: Мои пари 12 Јуни, 2015 11:29
Во овие летни денови, кога се температурите се високи, Скопски Саем-OUTLET, ја има вистинската формула за освежување.
Онаму каде што може да се најде е се’ за домот, каде што понудата е богата и голема, а цените намалени и достапни, Скопски OUTLET саем е локацијата која е разладување за овие жешки денови.
Доказ дека овој саем е освежување за сечиј дом се бројните посетители кои ја користат оваа единствена можност да си одберат детали за уредување, реновирање или градење на домот.
Скопски OUTLET саем трае до недела, 14-ти јуни. Остануваат само уште неколку дена да се надополни она што е потребно за по дома или дворно место.
Од самиот почеток на саемот, богата понуда и ниските цени се она што мами воздишки и голема посетеност. Од мебел, до електроника, санитарија, плочки до теписи, постелнини или клима уреди, овој продажен саем е причина плус зошто да се посети Скопски Саем и одбере нешто од богата понуда на големиот број излагачи и присутни компании чија понуда ќе ги задоволи сите вкусови.
Време е за одмор, време е за опуштање и релаксирање, време е да се посети Скопски OUTLET. Вистинското место да се заштеди време и пари, а во исто време да се збогати сечиј дом и задоволи сечиј вкус.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете








