27 Април, 2024
0.0282

Ова е кривичното дело за кое ќе се гонат напаѓачите на Саздовски

Објавено во: Македонија 17 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Основното јавно обвинителство Скопје изврши преквалификација на кривичното дело за претепувањето на Никола Саздовски, по што напаѓачите ќе одговараат за убиство на свиреп начин. 

Наместо за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, против тројцата осомничени ќе се води истражна постапка за кривично дело Убиство извршено на свиреп начин од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.

Ваквата одлука на јавниот обвинител следи откако во текот на истражната постапка се обезбедени вербални и материјални докази,  испитани се повеќе сведоци, беше прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.

Ова вештачење беше доставено во обвинителството на 16 јули 2018 година и од него неспорно произлегува динамиката на кривично-правниот настан во смисла на видот и карактерот на здобиените повреди кај Саздовски, а се утврдува и причинско-последичната врска на нанесените повреди и нивното влијание на смртниот исход.

Двајцата осомничени се наоѓаат во притвор во Затворот Скопје и  ќе бидат доведени пред надлежен јавен обвинител за да дадат своја одбрана за ова кривично дело.

По третиот осомничен кој засега е недостапен ќе биде распишана домашна и меѓународна потерница.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски вчера изјави дека имаат сознанија за третиот напаѓач и кога ќе има детаљи ќе ја информираат јавноста. 

Од ВМРО-ДПМНЕ имаше обвинувања дека се заташкува случајот, а од Спасовски се бараше оставка. 

Синоќа Комитите чиј член беше Саздовски одржаа протестен марш и побараа најстрога касна за луѓето кои го претепаа момчето, по што тоа почина од здобиените повреди. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“