21 Мај, 2024
0.0311

Ова е листа на намирници кои ќе ви ги исчистат белите дробови!

Објавено во: Стил 14 Декември, 2014

Добивај вести на Viber

Ви донесуваме листа од неколку намирници кои ќе ви помогнат во чистење на белите дробови од отрови.

Своите дишни патишта може да ги прочистите со одредени намирници, Запамтете дека белите дробови не може целосно да ги исчистите само со конзумирање на овие намирници, но во одредена мерка може да се ослободите од отровите и со самото тоа да ја намалите можноста за заболување од рак. Ви донесуваме листа од намирници кои се надеваме дека ќе ви помогнат.

ПЧЕНКА ШЕЌЕРКА

Оваа намирница содржи бета-криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дробови од карцином бидејќи претставува силен антиоксиданс. Од друга страна, имајте на ум дека повеќето пченки шеќерки на полиците во продавниците се всушност ГМО, па конзумирајте ја исклучиво онаа за чие потекло целосно сте сигурни.

СЕЛЕН

Станува збор за моќен антиоксиданс кој може да се најде во разни видови риба како туна, лосос, но и во јагнешко месо, јајца и житарици.

КРОМИД

И црвениот кромид и лук содржат состојки кои дејствуваат антиканцерогено. Кромидот спречува настанување на многу болести, меѓу кои се инфекции и рак на белите дробови. Кај лицата кои веќе имаат рак конзумацијата на кромид спречува раст на нови клетки.

ЃУБМИР

Ова е едно силно средство за „исфрлување“ на отровите од белите дробови. Може да пиете чај од корен на ѓумбир со што ќе си го олесните дишењето, а парче ѓумбир може да изедете и со оброкот.

ПОРТОКАЛИ

Освен што се надалку познат извор на витамини, портокалите содржат криптоксантин кој влијае превентивно против рак на белите дробови.

КОПРИВА

Оваа билка е преполна со железо, а многу е ефикасна и како средство за дезинфекција на белите дробови и борба против инфекција.

ЧАЈ ОД БОРОВИ ИГЛИЧКИ

И додека традиционално овој чај се користи за перење на устата и грлото, тој е добар сојузник во борбата против рак на белите дробови.

Можеби ќе ве интересира

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“

Игор Џамбазов со емотивна порака: „И двајцата си заминаа на овој ден. Ги има во моите книги, во моите песни, во моите секојдневни муабети, во моите мисли“