17 Мај, 2024
0.1414

Ова е најстариот човек на планетата…

Објавено во: Стил 18 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Индискиот монах Свами Сивананда е можеби најстариот човек кој живеел некогаш на Земјата.

ббб

Во пасошот му пишува дека е роден на 8 август 1896 година и сега тој аплицира да биде внесен во книгата со Гинисови рекорди. Индискиот монах тврди дека има полни 120 години. Ако тоа се потврди, тој ќе биде најстариот човек кој живеел некогаш на планетата. Тоа значи дека животот му минува низ три века.

Неодамна во „Тајмс оф Индија" пишува за долговечноста и посочи дека тој изгледа со најмалку 50 години помлад. Свами продолжува да практикува јога по неколку часа на ден и смета дека тоа е клучот за долговечноста.

Досега најстар човек на планетата беше Јапонецот Џироемон Кимура, кој почина во јуни 2013-та на 116 години и 54 дена.

Индиските власти ја потврдија автентичноста на податоците во пасошот на Свами преку проверка во регистар на верски храм. За многу млади Индијци денес верските регистри се единственото место каде што е запишано кога се родени. Независно од тоа, потврдувањето на возраста на Свами сепак, ќе биде многу потешко.