Oва е најточниот ХОРОСКОП: Прочитајте што вели за вас Африканскиот зодијак
Објавено во: Општо 01 Септември, 2016
Син (5 април – 4 мај)
Среќен ден: сабота
Успешни месеци: април и август
Елемент: земја
Дрво: багрем
Боја: зелена
Знакот Син е поврзан со вертикална стрела што го означува барањето на сопствениот пат. Тоа може да е патот што го покажува припадник на знакот Татко. Родените во знакот Син се луѓе на кои другите може секогаш да сметаат.
Тие се верни и ги одржуваат ветувањата. Секогаш се околу тие што ги сакаат. Организирани и енергични, целосно им се посветуваат на работите, понекогаш и на сметка на сопственото здравје. Треба повеќе да се опкружени со мудри и смирени луѓе и да ги слушаат нивните совети.
Луѓето ги сакаат и сакаат да бидат во нивно друштво, но родените во овој знак ќе мора да научат како да кажат „не“ на другите, за да не се чувствуваат исцрпени без некоја посебна причина.
Љубов: Припадниците на овој знак бараат вистинска љубов. Сакаат силни, страсни врски и партнер за кој ќе чувствуваат дека е љубовта на нивниот живот. Но, понекогаш токму овие барања можат да бидат причина за разделба.
Луѓето често мислат дека родените во овој знак се пребирливи. Тие го привлекуваат партнерот со нивното чувство за посветеност и фантазија. Либерални се и за љубовта се спремни да направат сè. Една од најважните работи за нив се врските.
Работа: Постојано се во потрага по предизвици. Ги сакаат песната, музиката и убавиот збор. Често ги менуваат работните места и не се чувствуваат најдобро во однос на нивните надредени. Најсреќни се кога ќе се здружат со колега за да работат заедно на проект, на кој ќе му бидат целосно посветени.
Здравје: Сакаат секаков вид спортување: велосипедизам, пешачење, планинарење, па дури и активни патувања. Иако се доста активни, не треба да го занемаруваат потребниот сон. Барем еднаш во годината треба да го искористат одморот, така што нема да прават апсолутно ништо.
Ќерка (5 мај – 4 јуни)
Среќен ден: недела
Успешни месеци: мај и септември
Елемент: оган
Дрво: гуава
Боја: кафеава
Знакот Ќерка се поврзува со симболот на ѕвездата со пет крака. Тие се дарежливи и оптимисти, но секогаш се грижат за непотребни работи. Тоа не води никаде и понекогаш им го уништува животот.
Потребно е да ја гледаат светлата страна на работите и да научат да им веруваат на другите. Нивната најголема предност е нивниот светол, весел дух. Животната радост и грижливиот инстинкт ги заштитуваат и им обезбедуваат многу добри пријатели.
Љубов: Ги сакаат силната страст и љубовните изјави. Тоа за нив е сè или ништо; еден момент си заминуваат, а веќе следниот момент се назад во прегратките на партнерот. Имаат идеал за тоа каква треба да биде љубовта и така кршат многу срца, иако по природа не се такви.
Неодоливи се затоа што секогаш го слушаат сопственото срце. Потребна е силна страст, нови големи возбудувања и мотивација за да ја одржите врската со партнерот роден во овој знак.
Работа: На работа, пријателите се тие што им даваат идеи и им помагаат на родените во овој знак. Креативни се и ентузијастички настроени, но им недостасува издржливост. Најдобро се снаоѓаат во графиката, комуникацијата и односите со јавноста. Нивниот талент доаѓа до израз кога работат под притисок.
Здравје: Најмногу им одговараат тимските спортови. Треба да внимаваат на истегнувања на мускулите и на циркулацијата. Рибата и морската храна се добри за нивната кожа и нерви.
Чичко (5 јуни – 4 јули)
Среќен ден: понеделник
Успешни месеци: јуни и октомври
Елемент: вода
Дрво: тропски кактус
Боја: жолта
Знакот Чичко се поврзува со симболот на квадратот кој во центарот има камен насочен нагоре. Овој знак ги симболизира силата и авторитетот кои најдобро функционираат кога и другите ќе ги признаат овие нивни карактеристики.
За жал, убедувањето на родените во овој знак не им е јака страна. Нивниот авторитет понекогаш е толку голем, што другите за нив мислат дека се напорни. Нивните најдобри особини се тоа што имаат смисла за хумор и често знаат да се пошегуваат на сопствена сметка.
Припадниците на овој знак се родени лидери. Потребно е да бидат потолерантни и да сфатат дека другите не размислуваат и не дејствуваат исто како нив.
Љубов: Во љубовта имаат постојани подеми и падови. Знаат да бидат некомпромисни и затоа тешко го наоѓаат вистинскиот партнер. Но, кога ќе одлучат да започнат врска, тоа обично е на долг временски период.
Постојано се опкружени со луѓе кои им се восхитуваат. Најважно е да не се обидуваат да го сменат партнерот, туку да го прифатат таков каков што е.
Работа: Кога станува збор за работните обврски, припадниците на овој знак се чувствуваат одговорни за сите и за сè што се случува, па затоа и често се караат со колегите.
Треба да научат да бидат посебични и посамостојни во работењето. Енергијата треба да ја насочат кон личните предизвици и кариерата, наместо да се обидуваат да ги импресионираат другите.
Здравје: Енергијата е нешто кое никогаш не им недостасува на родените во овој знак. Затоа треба да се занимаваат со спортови кои ќе им помогнат да го потрошат вишокот енергија, како што се трчањето, возењето ролери, сурфањето и тенисот.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.