Oва е причината поради која Меланија е се уште со Трамп
Објавено во: Свет 13 Април, 2018
Како што пишува „Холивуд лајф“, причината поради која првата дама на Америка, Меланија Трамп не сака да се разведе од сопругот Доналд Трамп е нивниот син Барон. Наводно Меланија на сопругот е бесна меѓу ѕидовите на Белата куќа, но, смета дека разводот тешко ќе му падне на нивниот син.
„Сите кои мислат дека Меланија ќе бара развод, грешат. Нејзиното останување во бракот не е знак на слабост, таа е фокусирана на синот и на неговата добросостојба. Таа верува дека стабилното семејно опкружување, колку што е можно во овие околности, е најдобро за него“ – рекол извор.
Особено затоа што последната година, откако неговиот татко стана претседател на САД, била многу тешка за момчето кое одеднаш се најде опкружено со папараци и под будното око на јавноста.