Добивај вести на Viber
Сигурно досега многупати сте ја слушнале народната изрека „тоа се проколнати пари", па сте се запрашале како тоа проколнати кога парите си се пари... Случката која доаѓа од Америка е вистински пример дека навистина има проколнати пари.
51-годишниот Вејн Саба од Илиноис, во неговата градина случајно пронашол закопани 150.000 долари. Заедно со неговиот син случајот го пријавиле во полиција, па чекал одлука од судот што ќе биде со тие пари.
Одлуката гласела - ако до 1 октомври 2012 ниту едно лице не си ги побара парите, целиот износ ќе им припадне на фамилијата Саба.
До 1 октомври се јавиле две лица, Вејн и неговиот сосед. Соседот тврдел дека парите се закопани на тоа место од страна на неговата мајка, па судот одлучил истите да се поделат. Но, соседот починал во декември 2012 и поделбата не се завршила.
Целиот износ го зел Вејн Сана, но 10 дена подоцна и тој починал од дијабетес. Одлуката за наследникот на овие пари се уште се очекува.