19 Мај, 2024
0.0295

Ова се 10-те најважни случувања во 2015-та

Објавено во: Свет 24 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Во 2015 година, светот го потресија многубројни случувања, а ние ви ја претставуваме листата од десетте најважни настани во светот низ текот на целата година.

1. Мигрантска криза 80179a4983fa26468faa512f0035ebf1

Европа во 2015 година ја погоди мигрантска криза во незабележани размери со очекувани милион бегалци кои тежнеат кон богатите западни земји, додека во ЕУ нема никаков показател за ефикасно решение на тоа прашање. Според податоците на Меѓународната организиација за миграции, бегајќи од војната или сиромаштијата во Европа од јануари до ноември дошле 920 000 бегалци , во споредба со 280 000 забележани во цела 2014 година.

2. Терористички напади во Париз

France Paris Shooting

Подемот на Исламската држава која контролира големи делови на Сирија и Ирак, ја зафати оваа година и Европа, бидејќи исламските терористи изведоа два големи напади во Париз. Првиот се случи на 7 јануари кога во редакцијата на венсикот “Шарли Ебдо“ двајца екстремисти убија 12 лица, меѓу кои познати новинари и карикатуристи.

Вториот се случи на 13 ноември. Во неколку симултани напади убиени се 130 лица, а повеќе од 350 се повредени. Напаѓачите извршија самоубиство, а дел беа убиени во полициска акција, отакако беа поврзани со ИСИС.

После вториот напад, Франција ги засили воздушните напади врз положбите на џихадистите во Сирија. Францускиот претседател Франсоа Оланд побарал поголема помош во борбата против тероризмот и воведе вонредна состојба во Франција, што е многу ретка мерка за таа земја.

3. Соборувањето на рускиот авион од страна на Турција

Combination frame grabs shows a war plane crashing in flames in a mountainous area in northern Syria after it was shot down by Turkish fighter jets near the Turkish-Syrian border

Ангажирањето на Русија во војната во Сирија влезе во нова фаза, што на најдраматичен начин се покажа на 24 ноември кога турските воздушни сили го оборија рускиот авион “Су-24“ за кој наведоа дека го нарушил воздушниот простор на Турција.

Со тоа е потврден загриженосста дека акцијата, за која Москва наведува дека е насочена кон исламските екстремисти во Сирија, може на некој начин да дојде во судир со операциите на меѓународната коалиција која ја предводат САД. Додека во тензиите помеѓу Русија и Западот дојде до извесни попуштања кога станува збор за Сирија, односите на Анкара и Москва се срушија. Русија тврди дека авионот не ги нарушил турските граници и бара извинување и надомест на штета од Турција, што Анкара категорично одбива. До напредок во односите не дојде ни на состанокот на министрите за надворешни работи на Турција и Русија.

4. Глобален договор за борбата со климатските промени

Десетте најважни случувања во 2015-та

1. Мигрантската криза Европа во 2015 година ја погоди мигрантска криза во незабележани размери со очекувани милион бегалци кои тежнеат кон богатите западни земји, додека во ЕУ нема никаков показател за ефикасно решение на тоа прашање. Според податоците на Меѓународната организиација за миграции, бегајќи од војната или сиромаштијата во Европа од јануари до ноември дошле 920 000 бегалци , во споредба со 280 000 забележани во цела 2014 година. 2. Терористичките напади во Париз Подемот на Исламската држава која контролира големи делови на Сирија и Ирак, ја зафати оваа година и Европа, бидејќи исламските терористи изведоа два големи напади во Париз. Првиот се случи на 7 јануари кога во редакцијата на венсикот “Шарли Ебдо“ двајца екстремисти убија 12 лица, меѓу кои познати новинари и карикатуристи. Вториот се случи на 13 ноември. Во неколку симултани напади убиени се 130 лица, а повеќе од 350 се повредени. Напаѓачите извршија самоубиство, а дел беа убиени во полициска акција, отакако беа поврзани со ИСИС. После вториот напад, Франција ги засили воздушните напади врз положбите на џихадистите во Сирија. Францускиот претседател Франсоа Оланд побарал поголема помош во борбата против тероризмот и воведе вонредна состојба во Франција, што е многу ретка мерка за таа земја. 3. Турското соборување на рускиот авион Ангажирањето на Русија во војната во Сирија влезе во нова фаза, што на најдраматичен начин се покажа на 24 ноември кога турските воздушни сили го оборија рускиот авион “Су-24“ за кој наведоа дека го нарушил воздушниот простор на Турција. Со тоа е потврден загриженосста дека акцијата, за која Москва наведува дека е насочена кон исламските екстремисти во Сирија, може на некој начин да дојде во судир со операциите на меѓународната коалиција која ја предводат САД. Додека во тензиите помеѓу Русија и Западот дојде до извесни попуштања кога станува збор за Сирија, односите на Анкара и Москва се срушија. Русија тврди дека авионот не ги нарушил турските граници и бара извинување и надомест на штета од Турција, што Анкара категорично одбива. До напредок во односите не дојде ни на состанокот на министрите за надворешни работи на Турција и Русија. 4. Глобален договор за борбата со климатските промени

Претставници на 195 земји на 12 декември во Париз постигнаа договор за климата со цел одржување на глобалното загревање под два степени, односно до 1,5 степени целзиусови, како што побараа земјите најмногу погодени од климатските промени.

Целта на договорот постигнат после четири години преговори, предвидува и помош на земјите во развој кој би требало да изнесува 100 милијарди долари годишно почнувајќи од 2020 година, кога договорот стапува на сила. Договоротот се занимава и со прашањата за резерва на вода во сушните региони како и морските ресурси. Земјите треба да ја намалат емисијата на штетни гасови кои создаваат ефект на стаклена бавча, како еден од причинителите на глобално загревање.

5. Нуклеарниот договор на Иран и шестте големи сили An Iranian flag flutters in front of the UN headquarters in Vienna

Иран и светските сили од Групата 5+1 – САД, Франција, Русија, Кина, Велика Британија и Германија, после неколку месеци интензивни преговори, постигнаа договор во Виена на 14 јули за иранската нуклеарна програма. Со договорот се ограничува нуклеарната програма на Иран за да не е во можност да направи атомска бомба, а за возврат е предвидено укинување на економските санкции на Техеран.

Иранскиот нуклеарен договор ќе и овозможи на земјата да излезе од политичка, дипломатска и економска изолација и го поздравија голем дел на земји од меѓународната заедница, освен Израел која Иран и понатаму ја смета за закана. Меѓународната агенција за нуклеарна енергија на 15 декември ќе затвори 12 годишната истрага за иранската нуклеарна програма.

 6. Кризата во Грција

Anti-austerity protesters gather in front of the parliament  in Athens

Должничката криза се случува во Грција веќе шест години, и оваа година сериозно ја потресе и Европаската Унија. Радикалната левичарска партија Сириза на Алексис Ципрас, кој вети дека ќе ги укине мерките на штедење врз основа на кои Грција доби два пакети помош, дојде на власт на почетокот на годината. Во преговорите со европските кредитори околу продолжувањето на помошта министерот за финансии Варуфакис упорно одбиваше да попушти на нивните барања.

7. Брегзит

UN Summit

Во убедливата победа на конзерватината партија во Британија на 7 мај на дневен ред е ставено и членството на земјата во ЕУ. Парламентот кон крајот на мај усвои закон за рефенрендум за членство кој треба да биде одржан до крајот на 2017 година.

8. Примирје во Украина

Ukraine Constitution

Судирите во Украина кои избија во април 2014 година се смирија после многу дипломатски иницијативи, но односите помеѓу Западот и Русија и понатаму се затегнати. Примирјето во истокот на Украина каде се водеа борби меѓу проруски бунтовници и украински сили, стапи на сила на 15 февруари после потпишувањето на договорот во Минск.

9. САД – Куба

 U.S. Secretary of State John Kerry (C) stands with other dignitaries as members of the U.S. Marines raise the U.S. flag over the newly reopened embassy in Havana

После повеќе од 50 години Американците можат легално да ги пушат познатите кубански цигари, додека Кубанците имаат прилика да користат американски комјутери. После најавата на претседателите на САД и Куба, во декември минатата година тие двајца ривали ги обновија односите и Хавана и Вашингтон во јануари започнаа преговори за нормализација на односите. Американската влада после тоа ја тргна Куба од листата “спонзори на тероризмот“ што беше една од главните пречки за целосно обновување на односите. Амбасадите на двете земји повторно се отворени во јули.

10. Состанок на лидерите на Кина и Тајван после 66 години

Претседателите на Кина и Тајван се состанаа прв пат откако 1949 години, во текот на кинеската граѓанска војна, Тајван се одвои од Кина. На состанокот во Сингапур, на 7 ноември не е потпишан никакво договор и поради одбивањето на Кина да го признае суверенитетот на Тајван, немаше никакви официјални знамиња, а лидерите се ословуваа со “господине“ наместо со “претседателе“.

Можеби ќе ве интересира

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА СЕ КОРИГИРА: Сега велат дека нивни спасувачи не исчезнале

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

ИРАН: Исчезнаа тројца членови на спасувачката служба кои трагаат по урнатиот хеликоптер на Раиси

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

УНИКАТНО: Девојка од Чикаго на 17 години стана доктор на науки

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата