15 Декември, 2025
0.0625

Oва се дрвјата кои треба да се засадат во градовите за почист воздух

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2018 07:41

Добивај вести на Viber

Во македонски услови, постојат неколку видови дрвја кои можат да се засадат и да помогнат во ублажување на аерозагадувањето, кое претставува сериозен проблем за Македонија.

Аризонски чемпрес, јавор, јасен, можат да опстанат во градските средини во земјава. Иако дабот е дрво кое значително помага за намалување на загадувањето, сепак тој успева на надморска височина од 1000 метри, вели Весна Темелковска, шеф на расадник во Македонски шуми, подружница Куманово.

„Аризонски чемпрес ние имаме во расадникoт и тој може да се засади. Јасенот кој има голема лисна маса и јаворот може да опстанат во градските средини. Грмушките кои се садат или живите огради, имаат способност да спречат ширење на прашина, но за загадување на воздухот не можат многу да помогнат. Брезата има ретка крошна, и таа има плитки корења кои го подигаат асфалтот, што значи дека не е погодна за урбана средина. Кај нас значајно е да се каже дека липите и дивите костени кои ги имаме по градовите се оболени, имаат заболување на кората, но тоа се случува и во други земји“, вели таа.

Сепак, во Куманово се прават и акции за пошумување кои во иднина ќе придонесат за почист воздух и поубав град. Здружението „Кумановски акцијаши“ годинава во рамки на три акции за пошумување засади 3.000 чемпреси на теренот околу Спомен Костурницата во градот. Но, тука нема да запрат.

„За наредната година планирани се 9 акции, од кои 5 во Општина Куманово, 3 во Општина Старо Нагоричане, и 1 во Липково, и како посебен дел ако се постигне договор со надлежните за патишта за обнова и унапредување на зелените појаси на магистралата“, вели Јусуф Љатифи од „Кумановски акцијаши“.

Светлана Станојковска, еколошки активист од Пробиштип вели дека белата роза ги апсорбира тешките метали. 

„Пожелно би било да се засадат по булевари со што би се намалило загадувањето на тој начин што истата ги апсорбира издувните гасови од автомобилите, посебно оловото. Треба да се внимава на биодиверзитетот и да се засадуваат дрвја карактеристични за нашето македонско подрачје. Во градовите липа, див костен и истите да се садат во дрвореди. Да не се занемари и периферијата на градовите со садење на чемпрес, туја и други видови на дрвја“, додава таа. 

Дејв Новак од Шумската служба во САД со години го проучувал влијанието на дрвјата, и дошол до oдредени заклучоци. Неговиот совет е дека покрај патиштата најдобро е да има дрвја од страна, затоа што така се стопира загадувањето да не оди подалеку.

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро