Ова се најдобрите „City-break“ дестинации
Објавено во: Стил 18 Август, 2014 15:34
Врз основа на последното истражување „City Cost Barometer“, спроведено во август оваа година, Будимпешта се најде на врвот на листата најдобри „City-break“ дестинации.
Станува збор за интересни градски дестинации кои се лесно достапни, кога е во прашање превозот и цената, па затоа се и многу популарни за кратки посетувања.
Така украинската престолнина на врвот на листата како најефтина „City-break“ дестинација кога е во прашање сместувањето, градскиот превоз и прошетки, пијалоци и храна, пренесува Дејли телеграф.
Лисабон најдобро котира во еврозоната, цената на оброк со пијачка е најпристапна во Прага, додека разгледувањето на градот е најефтино во Рига и Вилјнус. Кога се работи за ефтина понуда на градот, Копенхаген се издвојува поради бројните музеи и галерии со бесплатен влез, а слична е состојбата и во Даблин.
Истражувањето на „City Cost Barometer“ се заснова врз рангирање на европски градови во 12 туристички категории како што се сместувањето во хотел за две ноќи, оброк со вино за двајца, прошетка низ град...
Како што истражувањето е направено од страна на британската Пошта, така се изберените дестинации пристапни за туристите од Западна Европа. Забележан е и пад на цените, па на еден просечен турист, според ова истражување, за викенд во последната дестинација од листата (Брисел) од листата во август му били потребни десет долари помалку отколку во март оваа година.
Листата ја сочинуваат следниве градови:
1.Будимпешта, Унгарија
2.Вилјнус, Литванија
3.Варшава, Полска
4.Прага, Чешка
5.Лисабон
6.Рига, Летонија
7.Талин, Естонија
8.Дубровник, Хрватска
9.Истанбул, Турција
10.Брисел, Белгија
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





