27 Април, 2024
0.0289

Oва се земјите кои бараат датум за преговори за Македонија

Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Министрите за надворешни работи на Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Унгарија и Бугарија, како и на Италија, Малта, Австрија, Хрватска, Словенија, Полска и Словачка денеска во заедничко соопштение ги повикаа членовите на Европскиот совет да донесат одлука за отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија месецов.

Сметаат дека од суштинско значење е да се обезбеди севкупен напредок во регионот.

Наведуваат дека ЕУ треба да ја исполни својата недвосмислена определба за европската интеграција на Западен Балкан. 

Според нив, не постои „план Б“ за регионот. 

„Со оглед на важноста на нејзината одлука за иднината на сите држави и народи во Европа, ги повикуваме членовите на Советот да преземат далекусежни, храбри одлуки во јуни, со што ќе се промовира континуиран напредок во реформите во согласност со стандардите и вредностите на ЕУ, како и зајакната регионална соработка, помирување, добрососедски односи и клучна поддршка за неповратниот мир, стабилност и развој на регионот и нашиот континент. Пред Советот за општи прашања во јуни, апелираме до сите носители на одлуки во ЕУ да го задржат и консолидираат позитивниот импулс со отворање на пристапните преговори со Република Албанија и Република Северна Македонија“, стои во заедничкото соопштение.

Веруваат дека ако почнат со преговори, двете држави ќе се фокусираат на реформите. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ковачевски демантира дека се спрема бојкот за претседателските избори

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

ПЕТРОВСКА ВЕЛИ ДЕКА ВМРО-ДПМНЕ ГО ЗАМЕНИЛА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА ВО СТАТУТОТ СО „ДРЖАВАТА“: Стојаноска сe закани дека ќе ги фрли листовите

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

КАСАМИ: Ќе има европска влада во која коалицијата „Влен“ веќе е најавено дека ќе биде дел

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“