19 Април, 2024
0.0272

Оваа е најбезбедната земја на светот, имаат само неколку затвореници

Објавено во: Стил 11 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Лихтенштајн е најбезбедна земја на светот. 

Во државата живеат 37 илјади жители на површина од 160 квадратни метри, Лихтенштајн спаѓа во една од најмалите, но и најпосебни земји во светот.

Државата речиси и да нема криминал. Последното евидентирано убиство се случило во 1997 година, а во земјата има само неколку затвореници. 

Секој кој е осуден на казна подолга од две години, заминува во затвор во Австрија. Луѓето во Лихтенштајн се чувствуваат толку безбедно што поголемиот дел од нив не ги заклучуваат вратите од своите домови.

Еднаш годишно, сите жители се поканети на забава, односно на пиво во градините на дворецот Вадуз.

Швајцарија во една прилика извршила инвазија на Лихтенштајн - швајцарските војници, наоружани со пушки но без куршуми, во текот на една воена вежба случајно ја преминале границата. 

Пред пет години постоеше можност да се изнајми целата држава за една вечер. Имено, во соработка со сервисот "Airbnb" беше понуден простор за сместување за 150 гости, дегустација на вино со принцот и креирање на персонализирана валута, а ваквото задоволство изнесуваше 70 илјади долари.

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган