Оваа глетка трогна милиони: Солзите на овој сириски татко го заобиколија светот!
Објавено во: Свет 20 Август, 2015
Бројни земји во Европа за случајот на масовниот егзодус од Ирак, Сирија и Авганистан говорат како за проблем. Унгарија одлучи да изгради ѕид како би го спречила доаѓањето на илегалните мигранти, Словачка е спремна да вдоми само христијани, а веќе и нашата земја прогласи бегалска криза и се очекува АРМ да се распореди на границите.
Ни Грците ни Италијанците, не се пресреќни - во нивните земји доаѓаат најмногу мигранти од земјите кои се уништени од војни и политика.
Миграциите во моментов се толкави да на сите тие несреќни луѓе се гледа како на бројка и статистика. Но, една фотографија на Даниел Етер тоа почна да го менува.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/DanielEtterFoto/status/633184726912737280/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]Таа имено прикажува татко од Сирија кој на брегот на Грција плаче, силно притоа гушкајќи го синот и ќерките. Нивниот брод во последните неколку часа пропуштал вода и постоела опасност да потонат пред да допловат до брегот на Грција.
Ни Етер не се надевал на ваква популарна фотографија. На својот Твитер профил неколку пати им се заблагодари на сите кои ја споделија фотографијата на социјалните мрежи и заклучил -„токму поради ова го работам она што го работам“.
Фотографијата на социјалните мрежи е споделена неколку стотици илјади пати дошла до милион луѓе.