ЌЕ ЈАДЕМЕ ГМО? ЕУ одобри негова употреба
Објавено во: Свет 03 Јули, 2024
Европската комисија (ЕК) денеска одобри две генетски модифицирани култури на пченка и го продлабочи одобрувањето за употреба на уште една култура на генетски модифицирана пченка за храна, за луѓе и животни, објави ЕК.
Одлуките за одобрување на Комисијата дозволуваат увоз на таа генетски модифицирана пченка само за употреба во храна и добиточна храна, но не и за одгледување во ЕУ. Таа пченка поминала низ сеопфатна и строга процедура за евалуација која обезбедува високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните и животната средина, се вели во соопштението за печатот кое го пренесува Index.hr.
Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА) издаде позитивна научна оценка во која заклучи дека оваа генетски модифицирана пченка е безбедна како и конвенционалната пченка, објави ЕК.
Одобрувањата важат десет години, а сите производи произведени од овие генетски модифицирани култури ќе подлежат на строги правила за етикетирање и следливост на ЕУ. Комисијата има законска обврска да одлучува за овие одобренија откако земјите-членки нема да постигнат квалификувано мнозинство за или против одобрението во Постојаниот комитет и подоцнежната комисија за жалби, се вели во соопштението.
Б92* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.