ОВАА НЕДЕЛА ЛЕКОТ ИВЕРМЕКТИН ВО АПТЕКИТЕ И ВО БОЛНИЦИТЕ: По интрвентниот увоз нова надеж за болните од ковид
Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2021 08:26
Антипаразитскиот
медикамент Ивермектин се очекува во текот на оваа недела да се најде во
македонските аптеки и болници, што според многумина експерти е нова надеж во
лекувањето на болните од корона вирусот, се до пристигнувањето на вакцината.
Интервентниот увоз следува откако пред крајот на годината до Агенцијата за лекови МАЛМЕД пристигнаа барања за набавка на Ивермектинот од страна на некои веледрогерии и здравствени установи каде се лекуваат болните од Ковид-19. Неколку дена подоцна, како што за Фактор тогаш потврди првиот човек на МАЛМЕД, Лирим Шабани, Агенцијата за лекови ги издаде потребните одобренија.
Тој посочи и дека по издавање на одобренијата за интервентен увоз, болниците и веледрогериите ќе може да направат нарачки за одредени количества да увезат во Македонија.
-Дали тоа ќе биде од Турција, Грција или Бугарија, останува избор на веледрогериите и болниците, потврди Шабани за Фактор на само еден ден пред крајот на 2020.
Инаку, според микробиологот, д-р. Никола Пановски, во неодамнешна изјава за Фактор појаснува дека станува збор за лек кој постои од самиот почеток на 80-тите години на 20 век и кој е пред сè наменет за дејство против паразитите кај животните, но и кај луѓето.
- Клиничките студии покажуваат дека има ефект во сите фази на болеста. Оние што не се болни го пијат превентивно и не се разболуваат, оние кои имале контакт исто така, болните со лесна клиничка слика, па дури е користен и кај пациенти кои болнички се третираат. Значи во сите фази и студиите покажуваат дека има одличен ефект. Освен тоа станува збор за навистина многу ефтин лек, рече Пановски за Фактор.
Пред да биде одобрен интервентниот увоз на Ивермектинот во Македонија, сосема слично како и за антивирусниот лек Фавипиравир, граѓаните на социјалните мрежи бараа начини како да го набават за себе или за свои блиски заразени со Ковид-19.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани
„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите
Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија
СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“
Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески
ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро




