06 Декември, 2025
0.0326

Овие намирници ќе ви помогнат да не се потите во лето

Објавено во: Стил 15 Јуни, 2014 20:45

Добивај вести на Viber

И покрај редовната хигиена и користење на дезодоранси, нашето тело во текот на летните горештини станува лепливо и непријатно мириса, а секако предизвикател е претераното потење.

Иако во борбата со непријатната појава најчесто помош бараме во козметичките препарати, многу подобро дејствуваат и промените во животните навики.

Една од нив е исхраната, а ние ви откриваме кои намирници најдобро ќе ви помогнат во намалување на потта.

1. Храната богата со влакна како бобинки, ореви, зеленчук, и житарици во текот на летото би требало да биде дел од вашиот состав на исхрана.

2. Црвеното месо заменетe го со риба, лососoт и сардината содржат големи количини на калциум кој помага во намалување на потењето. Подеднакво дејствување имаат портокалите и брокулите.

3. Ним е позната индиска билка која значително помага кај потењето бидејќи е силен антиоксидант. Во шолја топла вода додајте прстофат прав од оваа билка и промешајте. Доколку вкусот ви е горчлив, додајте малку лимон и мед. Чајот консумирајте го најмалку трипати дневно, а најважно е наутро да го пиете на празен стомак.

4. Маслиновото масло користете го како додаток на салати и варива, тоа обилува со антиоксиданти и полесно се вари од другите билни масла.

Избегнувајте маргарин и сончогледово масло кај подготвувањето на храна, на високи температури тие се претвораат во штетни состојќи кои телото ги исфрла преку порите на кожата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: