01 Мај, 2024
0.0322

Овие земји се рај за пензионери

Објавено во: Стил 11 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Најдобра земја за живот на пензионери е Мароко, следи Тајланд, островот Морис, Тунис и Португалија, според истражување и листата која ја направи францускиот сајт „Retret-etranžer“.

Листата е составена врз основа на осум критериуми, меѓу кои се трошоците за живот, климата, безбедноста, можноста за интергриање, цените на недвижностите, квалитетот на здравствени услуги, инфраструктура, пренесува „Ekspres“.

Според ова истражување, кое опфаќа 25 земји, шеста најдобра земја за пензионери е островот Бали во Индонезија, потоа Шпанија, на осмо место е Доминиканската Република, на девето Сенегал и на десетоместо е  Италија.

Препорачаните земји пред се, се однесуваат на француските пензионери, наведува весникот.

Мароко го завзема првото место, пред се поради медитеранската клима, прифатливите животни трошоци и привлечните даночни политики. Покрај ова, оваа земја е културолошки и јазички блиска до француската популација.

Второ пласираниот Тајланд се препорачуа за пензионери со авантуристички дух, кои не се плашат од оддалеченоста, но и на кои не им смета топла и влажна клима. Покрај тоа, животните трошоци се многу ниски.

Островот Морис се најде на трето место на листата најубави дестинации за живот на пензионери поради единствените плажи и клима.