Овој човек тврди дека во Хрватска и Германија платите се исти
Објавено во: Економија 01 Февруари, 2019
Ако негативните трендови во Хрватска продолжат, во нивниот градежен сектор ќе работат работници од Африка и Индија.
Нинослав Мајер кој има своја компанија вели дека од 154 работници, 70% се од странство.
Вели дека оние кои заминале во Германија земаат бруто плати кои се повисоки, но кога ќе одбијат кирија, сметки, храна, и други давачки во Германија, вели дека им останува приближно ист износ.
„Некои ќе увидат дека во странство не е како што се зборува, па се враќаат и бараат да се вратат на работа, иако пред 6 месеци си отишле заради мали плати“, вели тој.
Градежник во Хрватска зема плата од 1.350 евра, при што добрите мајстори заработуваат и повеќе.