22 Март, 2019
0.5269
    ALK 8400    0%     EVRO 3010    5.58%     GRNT 810    -0.13%     KMB 5686.32    -0.09%     MPT 51500    -0.72%     PKB 14600    0%     STB 1195.62    -0.2%     STBP 810    -10%     STIL 114    0%

ПА ЛУЃЕ МОИ, ДАЛИ Е ОВА ВОЗМОЖНО?!

Објавено во: Колумни 17 Декември, 2018

Забавата за јавноста продолжува. Груевски намерно не се симнува од дневен ред, папараци го ловат по кафеани, на улица, во автомобил, а тука се уште е на ударните вести по печатените и електронски медиуми, небаре на Република Македонија се' и зависи од Груевски од правдата до владеењето на правото и растот на економијата. Сепак, да беше така власта немаше да дозволи Никола Груевски онака непречено од никого да ја напушти државата и да се засолни во престолнината на Унгарија.

Интересен е и фактот што еден друг Грујевски заедно со Бошковски добија азил во соседна Грција, нешто слично како и оној првиот Груевски, но за нив двајца ниту нешто превзема ниту се потресе нашето Министерство за правда или Јавното обвинителство, а одговорноста за нивното напуштање на државата остана апстрактна именка.

Јавноста во Република Македонија се изнаслуша прикаски за одговорноста на албанските, српските и унгарските власти, но се уште чека одговор за тоа кој е одговорен за заминувањето на Никола Груевски од нашата држава. Наместо првите луѓе од повеќе институции (МВР, СЈО, УБК, БЈБ, Царинската управа) барем да понудеа отставки, знаеме дека премиерот Заев немаше да ги прифати, бидејќи завалијата ќе нема со кого да соработува (како што коментираше во случајот со екс директорот на Бирото за јавна безбедност), на јавноста од Јавното обвинителство се најавуваат детали за заминувањето на Груевски дури писле две недели. Браво, експедитивност на завидно ниво.

Но не е проблемот само во не ефикасноста и не експедитивноста на институциите, проблемот е во двојните аршини што ги користат во нивното функционирање. Со еден збор, од сите европски вредности, ние се определивме како прва од нив, да го етаблираме функционирањето на двојни аршини, во што на Европа и нема рамен.

Ниту Јавното обвинителство, ниту пак МВР излезе во јавноста со одговор за тоа каде лежи вината и кој е одговорен за двајцата уживатели на азил во Грција, Грујевски и Бошковски, кои се сомничат како главни играчи во реализацијата на прислушувањето на преку 20.000 телефонски броеви и директни учесници во уништувањето на опремата каде што се администрирале тие разговори.

Нема ниту пред истражна постапка, ниту истрага за нивното напуштање на државата, немаше ниту жестока реакција од страна на Министерството за правда како што е оваа за Никола Груевски, ниту пак Хан или кој било друг од европските авторитети ја укори Грција за одобрениот азил, како што тоа го направија со Унгарија.

Целокупната прашина што се крева околу Никола Груевски од една, а за ист или сличен случај од друга страна се молчи, упатува на заклучокот дека некои нешта не се така наивни како што на прв поглед изгледаат. 

Актуелноста на Унгарскиот азилант и прашината која никако не се симнува од медиумите за него, воопшто не е случајна, на тој начин тивко, нечујно, скоро како приспивна песна се одвиваше јавната расправа за уставните амандмани, за кои патем кажано дебатираа само платени, експонирани "експерти" и подржувачи на актуелното мнозинство и ликови кои се мачкани со сите бои и се со сите власти. Замислете, немаше организирано јавна дебата во УКИМ, немаше во МАНУ, но затоа имаше во ФОН (?!). Во целата дебата ги немаше оние кои не се обоени во партиски бои, од калибарот на професорите Сиљановска, Ванковска, Цуцуловски, како и без академиците што јавно проговорија за фелерите и не прифатливоста на договорот од Нивици. Се добива впечаток дека јавната дебата се организира и се сведе на муабети во домашен круг, во кој сите, без исклучок размислуваат како шефот, што би рекол еден мој колега, секогаш по позицијата што ја има, шефот е најпаметен од сите.

Покрај амандманите на Уставот на Република Македонија, не забележано минуваше и дебатата за буџетот, во кој нема пари за најакутниот проблем со аеро загадувањето, како што нема пари за нови инвестиции во патната и друга инфраструктура. Исто така, со законското решение во процесот на "помирување", ќе бидат амнестирани оние што ја сносат одговорноста за отварањето на собраниските врати, без што немаше да се случат настаните од крвавиот 27. Април, односно ќе се амнестираат директните виновници за настаните. Кому не му е јасно зошто е тоа така?! 

На таков начин нема помирување, напротив јазот меѓу тие што ќе одговараат и оние што ќе се амнестираат ќе се зголеми и ќе се заостри. Имајќи ја предвид поделеноста на граѓаните околу актуелните прашања, од игнорирањето на референдумот за договорот од Нивици, анандманите на Уставот на Република Македонија, слепата послушност и поданички однос кон одредени дипломатски претставништва во земјава, со ваков предлог на законско решение за очекувано селективна амнестија, со тендерите на фамилијата Мукоски, наместо помирување добивме револт, гнев и распад на и така не функционалниот правен систем, во кој генерално и до сега граѓаните немаа доверба.

Токму затоа на власта и' требаше и се уште и треба маглата околу случајот Никола Груевски, токму тајмингот на настаните е таков што власта се уште ја држи топката високо, што не беше случај во случајот со азилантите од Грција, Груевски и Бошковски.

Се до тогаш, додека кое какви пувала креваат прашина околу работи со кои треба да се забавува и дефокусира јавноста, се додека избраните функционери кои се попаметни од сите само заради функцијата, се прават глуви на повиците за нивна одговорност, се додека помирувањето се гледа низ призмата на подмирување и пазар - глас "за" и милионски тендери на фирмите на фамилиите на осомничените пратеници, за замена на можна Идризовска прдекана, во Република Македонија ќе нема ни "П" од право, а правото и владеењето на правото под еднакво за сите е основниот фундамент на кој се темели корпусот на човекови слободи и права, затворите ќе бидат резервирани за обичните смртници, за оние што системот ги дотуркал до општественото дно, додека оние необичните на кои граѓаните им дале легитимитет и овозможиле да зулумќарат низ државата, за нив затвор нема, в'прочем со кого тоа ќе соработува премиерот ако така лесно се откажува од нив и нивната "стручност"?! 

Некој праша зошто си заминуваат младите стручни кадри од земјава, не, веројатно не остана никој за да праша...смрди, б'зди на распад на етичките норми и она што некогаш се нарекуваше општествени вредности, па луѓе мои, дали е ова возможно?!

Воислав Зафировски

Можеби ќе ве интересира

Колку се реални листите на меѓународните организации?

Колку се реални листите на меѓународните организации?

Улогата на управувањето на земјоделството-Фактор за надминување на кризи

Улогата на управувањето на земјоделството-Фактор за надминување на кризи

Дунек ни за лек!

Дунек ни за лек!

Крим и Косово – пазар меѓу САД и Русија

Крим и Косово – пазар меѓу САД и Русија

Изгледи за светската економија во годината на свињата

Изгледи за светската економија во годината на свињата