ПАЦИЕНТИТЕ ВО СОФИСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ ОСТАНАТ ДО ПЕТОК: Филипче и д-р Поромански за нивната состојба
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2021
Министерот за здравство д-р Венко Филипче, утрово
разговараше со д-р Иван Поромански, директор на болницата Пирогов во Софија, каде
се хоспитализирани седумте пациетни кои ја преживаеја страотната сообраќајка
која се случи вчера утрото на магистралниот пат „Струма“ на потегот Софија –
Благоевград, соопштуваат од Министерството за здравство.
Информираат дека сите пациенти се стабилни и се под постојан лекарски надзор, а дадена им е и психолошка поддршка. На двајца пациенти им е извршен хируршки зафат, еден е опериран на ногата, а помал хируршки зафат е извршен кај девојка, на која и е оперирано коленото, тие се чувствуваат добро. Сите седум пациенти ќе останат на болничко лекување до петок, а потоа ќе се направи план за нивен транспорт во Скопје.