Добивај вести на Viber
По првите добитници на премијата Голф7 и 100 илјади денари, Државна лотарија на Македонија информира дека го има и првиот добитник на премијата 50 илјади денари од играта на среќа 7ма брзина.
Маринковски Мирослав од Тетово е најновиот среќен играч со добивка. Тој е редовен играч на игрите од инстант лотаријата. Својата 7-ма Брзина среќна грепка ја купил во продажното место Бартон во Тетово. Лозот го игребал веднаш и со радост ја забележал стрелката која му ја покажала убавата парична премија од 50.000,00 денари.
Само за потсетување, Инстант лотаријата СЕДМА БРЗИНА беше лансирана на 10ти јули годинава, а на играчите на игрите на среќа им овозможува да дојдат до одличната понуда на добивки на чело со 10 автомобили ГОЛФ 7, обезбедени во соработка со Порше Македонија.Досега имаме по едене добитник во трите најинтересни категории премии од оваа игра, еден Голф 7, 100 илјади и 50 илјади. Во игра се уште по девет во овие три категории од 7ма Брзина , како и останатите помали парични премии. Вкупниот број на добивки во новиот Инстант лоз на ДЛМ е 311.030, а вкупен фонд е 26.702.000 денари, со што секој трет лоз е добитен.
Лозот СЕДМА БРЗИНА содржи поле за игра, поделено на девет сегменти, прекриено со заштитен слој под кој се наоѓа стрелката и автомобилски брзинометар. Стрелката лесно го насочува играчот кон видот на добивката прекриена со заштитниот слој, додека пак на брзинометарот се испишани видовите на добивки и тоа од 0 до останатите добивки кои следат по раст, 40, 80....50.000, 100.000, заклучно со премијата ГОЛФ 7. Стрелката може да упатува само на еден вид на добивка. Доколку упатува кон 0, тогаш лозот е недобитен.