28 Април, 2024
0.0328

ПАДНА ОСТАВКА: Груевски преку фејсбук најави повлекување од пратеничката функција

Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Поранешниот премиер на Македонија, а сегашен азилант Никола Груевски преку својот фејсбук профил најави дека се повлекува од функцијата пратеник во Собранието на РСМ. 

Како што пишува екс премиерот за тоа во наредните денови ќе биде известен формално  правно и законодавниот дом.

„ Целта легално да ми го одземат мандатот е јасно дека е неостварлива. И според уставот на Македонија и според меѓународните прописи, но и според неподлегнувањето на притисокот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои на комисијата за мандатно имунитетни прашања не подлегнаа на притисоците и пропагандата и им одржаа лекција по меѓународно право и уставно право на нивните колеги од власта кои во отсуство на аргументи расправата ја сведоа на ,,маалска дискусија за политика на клупа пред зграда,, во текот на расправата на комисијата.
Сепак, иако правото, уставот и меѓународните документи се на моја страна, јас нема да дозволам нашата партија и пратеници заради мене и мојот мандат да бидат изложени на било какви притисоци, на лажна пропаганда, на непријатности и на медиумски линч од страна на власта и нејзините апологети. Несакам понатаму ниту да дадам можност на СДСМ користејќи ја оваа тема да ги избегнува дебатите за суштинските теми и проблеми кои го засегаат народот и да ги задскрива своите криминални политики“, напиша Никола Груевски на фејсбук.

Груевски им се заблагодари на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ што издржале на принципиелните позиции кои се во склад со уставот и меѓународното право и не потклекнале на притисоците.


Фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Јас предвидов дека на 8 мај ќе има политички вулкан

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

АДВОКАТОТ МИТРОВСКИ: Спасовски намерно или не, му намести пенал на Палчо да аргументира пред турските судови дека во Македонија го чека политички монтирано судење

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ВАНКОВСКА ЈА ПРАШУВАЛЕ ЗА КОГО ДА ГЛАСААТ НА 8 МАЈ: Еве што им одговорила

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

ПОЛОГРАФОТ НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ДОКАЗ ВО ЕДНА ПОСТАПКА: Еве што велат експертите

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

НИШТО ОД СКАРА ЗА ПРВИ МАЈ: Ќе биде топло но ќе има можност за невреме

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ПАЦИЕНТ СО КОНГО КРИМСКА ХЕМОРАГИЧНА ТРЕСКА ХОСПИТАЛИЗИРАН НА ИНФЕКТИВНА: Тој е изолиран и моментално е во стабилна состојба

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ХАОС НА ТАБАНОВЦЕ И БОГОРОДИЦА: Србите влегуваат, Македонците излегуваат од земјава, еве каква е состојбата

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВАКА ИЗГЛЕДА РИМСКИОТ АКВАДУКТ ВО СКОПЈЕ: „Требаше да се реставрира, но нема ништо од тоа“, вели Грчева

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир

ВИДЕО: ДВЕ СТРАШНИ СООБРАЌАЈКИ НОЌЕСКА ВО СКОПЈЕ: Едната во Центар, другата во Чаир