ПАДНАТИ ДРВЈА, УРНАТИ ПОКРИВИ: Невреме ја зафати Словенија
Објавено во: Балкан 25 Јули, 2023 14:56
Невреме утрово ја зафати Словенија, при што најпогодени се западниот дел на земјата и градот Цеље и околината на исток. Струја нема во некои делови на Западна Приморска и Источна Штаерска, објави СТА.
На подрачјето на Словенска Бистрица и Птуј изутрината без струја се околу 1.800 корисници, објави компанијата Електро Марибор. Единицата за цивилна заштита Марибор пријави инциденти во текот на ноќта во седум општини, главно од релативно мал обем, како што се пожари предизвикани од запалени инсталации, оштетувања на покриви, одрони и паднати дрвја. На подрачјето на Цеље дојде до прекин на струја и други оштетувања на локалната инфраструктура.
Повеќе од 1.500 корисници рано утринава останаа без струја, велат од Електро Целје, а затворени се и дел од патиштата. Тешко беше погоден и северниот дел на Приморска, силен град кој падна оштети покриви, прозорци и автомобили, особено во општините Мирен-Костањевица и Ренче-Вогрско. Силните налети на ветер корнеа дрвја и урнаа покриви во областа Нова Горица на запад. Околу 6.000 корисници во тој регион изутрината останаа без струја, а меѓу бројните инциденти беше и евакуацијата на децата кои престојуваа во кампот Лепена кај Бовац. Продолжување на невремето или обилни врнежи се предвидува во текот на денот, а Агенцијата за животна средина предупредува дека има шанси за поплави, особено на североистокот од земјава. За цела држава денеска на сила е портокалово предупредување, а на југ постои можност за попладневно невреме со град. Во Словенија утре се очекува постепено стабилизирање на времето, јави СТА.
Деновиве имаше невреме во Србија, Босна, Хрватска и Македонија.Можеби ќе ве интересира
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени
Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството




