Падот на нафтата значи премин на планот „Б“
Објавено во: Економија 12 Февруари, 2016 10:22
Француската нафтена компанија Тотал ги намали инвестиционите цели во обид драстично да ги урне трошковите како би се спротивставила на глобалниот колапс на цените на нафта.
Од Тотал наведуваат дека во 2016 вложувањата ќе бидат за околу две милијарди долари помалку отколку што беше првично планирано, бидејќи, како и останатите нафтени дивови се борат со слабите цени на нафтата, кои паднаа околу 70 одсто од средината на 2014 поради хроничната презаситеност на пазарот, а денес безмалку дојдоа до 13 годишен минимум.
Компанијата така оваа година ќе инвестира само 19 милијарди долари во однос на претходниот план од 20 до 21 милијарди, што е исто така, значајно помалку во споредба со вложувањата од 23 милијарди долари во 2015 наведува Франс прес.
Од 2017 година, износот наменет за инвестиции ќе падне на помеѓу 17 и 19 милијарди долари.
„Мора да бидеме добри во она што можеме да го контролираме, а тоа се нашите трошоци. Ќе продолжиме да вложуваме напори во поглед на контролата на трошоците“, рекол генералниот директор на Тотал, Патрик Пујан, за новинарите.
Акцијата на Тотал е затворена во четвртокот на ниско ниво за 3,3 одсто на пазарот на акции во Париз, но и понатаму е подобра од индексот на Париската берза кој заврши со пад од 4,1 процент.
Компанијата исто така порача дека ќе ги намали оперативните трошоци во оваа година за 2,4 милијарди долари, во однос на ланските 1,5 милијарди со тоа што кратењето на расходите ќе биде зголемено на 3,0 милијарди долари во 2017, а заштедите воглавно ќе бидат спроведени во секторот на експлоатација и истражување на нафта, пренесе АФП.
Можеби ќе ве интересира
Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?
ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба




