20 Декември, 2025
0.0466

Пакомак се погрижи 100 неформални собирачи на отпад да добијат здравствен преглед

Објавено во: Мои пари 06 Јули, 2015 18:17

Добивај вести на Viber

Минатата недела Пакомак – Друштвото за управување со пакување и отпад од пакувањезаедно со невладината организација „ЗЕУР“ се погрижи 100-ина неформални собирачи на амабалажен отпад да ги добијат основните и неопходни здравствени прегледи со цел  да се направи чекор понапред во напорите тие што побрзо да се инкропорираат во социјалниот систем и да се вклучат во системот на Јавното Комунално Претпријатие.

По тој повод беа изршени ЕКГ прегледи, абдоминални прегледи и крвна слика, а извештаите за нивната здравствена состојба покажа дека дури 90% од нив се со лекарски наод, а дел од нив и за првпат одат на лекар.

„Една од основните активности на Пакомак во соработка со разни невладини организации и други правни субјекти кои ги организираат неформалните собирачи е да овозможиме што поскоро нивно вклучување во системот на ЈКП. Тоа го правиме со донирање на потребната инфраструктура  на ЈКП, опрема и организирање на едукативни курсеви за неформалните собирачи.Паралелно на овие активности Пакомак во соработка со комуналните претпријатија вложува максимални напори да воспостави финансиски оддржлив систем во управувањето со отпадот од пакување, кој ќе овозможи вклучување на неформалните собирачи во структурата на комуналните претпријатија, а со тоа тие ќе добијат социјално и здравствено осигурување. Истовремено ќе обезбедат егзистенција за своите семејства, а со тоа сите заедно ќе допринесеме секојдневните грди слики, од луѓе кои претураат по контејнерите, да останат позади нас во минатото“, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак .

Вакавата акција на Пакомак е од големо значење бидејќи претставува една од многуте иницијативи за намалување на бројот на невработеноста во Македонија и истовремено се  заложуваат да станеме значително почиста земја што од аспект на екологијата е врвен приоритет за македонското општество. Неформалните собирачи  влегуваат во социјалната категорија на граѓани, и претставуваат проблем на државата, а кој може да се надмине само со координирано дејствување  на сите засегнати страни.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии