08 Јули, 2024
0.0259

Панче Тошковски го пријави имотот: Два стана од 545.000 евра стекнати во изминатите две години

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски го објави анкетниот лист во Државната комисија за спречување на корупција, а таму пишува дека има стекнато стан во Центар во 2023 во вредност од 18.450.000 денари. Неговата сопруга има стан во скопско Злокуќани од 14.760.000 денари, стекнат во 2022. Заедничката вредност е 545.000 евра на овие недвижнини.

Сопругата на Тошковски оваа недвижнина ја стекнала со купопродажба, но истовремено министерот пријавил и нејзино задолжување во форма на банкарски кредит од 2022 во висина од околу 160.000 евра. Станот на Тошковски пак е стекнат со договор за градба. Најверојатно тоа го има договорено со инвеститор на негово земјиште, бидејќи на истото место минатата година истовремено стекнал деловен простор од 5.100.000 денари, или околу 85.000 евра. Станот е со површина од 146 метри квадратни, а деловниот простор од 46 метри квадратни. Тошковски има две градежни парцели во Ајватовци, од кои едната од 2011, а другата од 2015, во проценета вредност од 30.000 евра.

Од подвижен имот пријавил volvo XC60 од 2018 во вредност од 27,5 илјади евра и opel antara од 2015 што би вредел 15.500 евра.

Тошковски пријавил три трансакциски сметки, како и тоа дека добива приход од месечен закуп во висина од 30.750 денари.

Во анкетниот лист не ги пријавил интересите, а познато е дека има адвокатска канцеларија и градежно-консултантска фирма.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧЕН ЗА СЛУЧАЈОТ СО УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Во целост прифатен обвинителниот акт за убиството, одбиени како неосновани приговорите на обвинетите

КРИВИЧЕН ЗА СЛУЧАЈОТ СО УБИСТВОТО НА ВАЊА И ПАНЧЕ: Во целост прифатен обвинителниот акт за убиството, одбиени како неосновани приговорите на обвинетите

Муцунски го осуди рускиот воздушен напад над детската болница во Киев

Муцунски го осуди рускиот воздушен напад над детската болница во Киев

Владо Мисајловски го пријави имотот: По изборите си купил „ауди“ од 30.000 евра

Владо Мисајловски го пријави имотот: По изборите си купил „ауди“ од 30.000 евра

Изет Меџити по поставувањето на оградата: Не очекувам протести од ДУИ

Изет Меџити по поставувањето на оградата: Не очекувам протести од ДУИ

ПРОБАЛ ДА ШВЕРЦУВА ЗАМРЗНАТО СВИНСКО МЕСО: Царинска управа му го одзеде целото пакување „тешко“ 11 илјади евра

ПРОБАЛ ДА ШВЕРЦУВА ЗАМРЗНАТО СВИНСКО МЕСО: Царинска управа му го одзеде целото пакување „тешко“ 11 илјади евра

Кумановец пропаднал до гуша во тиња, го спасувале кумановски пожарникари

Кумановец пропаднал до гуша во тиња, го спасувале кумановски пожарникари

„ШТО ПОВЕЌЕ ДА СЕ КАЖЕ“? Се огласи Фрчкоски, немал проблем да се повлече од амбасадорското место

„ШТО ПОВЕЌЕ ДА СЕ КАЖЕ“? Се огласи Фрчкоски, немал проблем да се повлече од амбасадорското место

„НЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ КАКО МАГАРИЊА?“ Најчевска во нејзин стил, реагира на смената на дирекротот на катастар без наведени причини

„НЕ СЕ ЧУВСТВУВАТЕ КАКО МАГАРИЊА?“ Најчевска во нејзин стил, реагира на смената на дирекротот на катастар без наведени причини

„ЈАС ДА СУМ НА МЕСТОТО НА ДАНЕЛА, БИ СИ ДАЛ ОСТАВКА ЗА ДА ПРЕКИНЕ АГОНИЈАТА НА ГРАДОТ“: Еве што мисли Апасиев за скопската градоначалничка

„ЈАС ДА СУМ НА МЕСТОТО НА ДАНЕЛА, БИ СИ ДАЛ ОСТАВКА ЗА ДА ПРЕКИНЕ АГОНИЈАТА НА ГРАДОТ“: Еве што мисли Апасиев за скопската градоначалничка